Ако сте родени во еден од овие 3 хороскопски знаци, подобро останете дома за следната полна месечина

Ако сте родени во еден од овие 3 хороскопски знаци, подобро останете дома за следната полна месечина

Секоја полна месечина има посебно влијание на хороскопските знаци, а понекогаш ова влијание не е баш позитивно. Токму затоа, ако се пронајдете на оваа листа, за да бидете безбедни, подобро избегнувајте ги големите одлуки во текот на овој период.

1. Близнаци: Водите војна помеѓу личниот и јавниот живот

Вие не сте емоционален тип, но имате такви моменти. Полната месечина во Девица ќе ја осветли вашата четврта куќа на домот, семејството и емоционалната основа, па затоа и ќе бидете во чудно расположение, па кажете им саканите да не го сфаќаат тоа лично. Некои од вас може да се чувствуваат и вознемирено и преплавено, но не грижете се, секогаш можете да ја обвините Месечината за вашето необично однесување! Во меѓувреме, поставете си го следново прашање: Што е променето во однос на вашето чувство за сигурност, семејна динамика и живеење од септември?

2. Вага: Време е за спиритуален завршеток и предавање

Ако постои некој што мрази драма од дното на своето срце, тоа сте вие! Вистината е дека можете да потиснувате емоции до одреден степен, и потоа сè тоа излегува на површина во форма на експлозија. Па, направете си себеси услуга, како и на целиот универзум, и преземете контрола над исходите. Полната месечина ќе ја осветли вашата дванаесетта куќа на завршетоците, почетоците и спиритуалните завршетоци, но и покрај тоа што можеби ова ви изгледа ослободувачки, може да ви направи и да се чувствувате анксиозно и вознемирено. Од друга страна пак, пробајте да размислувате во насока на тоа што се променило во вас во последниве шест месеци.

3. Водолија: Се соочувате лице во лице со вашата ранливост

Промените можат да бидат болни, но и неизбежни, бидејќи тие се едноставно дел од човечкиот живот. Да, ние постојано еволуираме. Имајќи го тоа на ум, полната месечина ќе ја осветли вашата осма куќа на сексот, заедничките ресурси и личната трансформација. Ако сте во сериозна врска, тогаш можеби ќе мора да направите одлука во однос на вашата врска, или пак, за заедничките финансии. Останатите нема да имаат избор, и ќе мора да се соочат со сите потиснати стравови што ги прават да се чувствуваат најранливо. За да ви биде подобро, запрашајте се колку сте еволуирале од септември до сега.

Дознајте и каква карма ве очекува во 2019-та година според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар