9 работи кои треба да ги направите доколку сте заљубени во Бик
Многу личности чувствуваат силна поврзаност со астрологијата бидејќи карактерните описи на хороскопските знаци се доста детални и разнолики. Некои од психолозите велат дека луѓето дури почнуваат да ги оформуваат своите карактери врз основа на повторливото читање артикли, статии и публикации за однесувањето на хороскопските знаци. Се поврзуваме со позитивните особини и се обидуваме да ги избегнеме негативните, посебно кога станува збор за љубовта. Во тој контекст, прочитајте ги 9-те работи кои треба да ги направите доколку сте заљубени во Бик.
1. Дозволете им да го одредуваат темпото на интимното време. Доколку вашиот партнер е Бик, тогаш вашиот интимен живот е фантастичен. Биковите сакаат да бидат обожавани и сигурни дека кога ќе ве погледнат во очи ќе видат љубов и почитување.
2. Дозволете им понекогаш работите да се одвиваат по нивен начин. Партнерствата се еднакви, но Биковите знаат да бидат тврдоглави, посебно кога сметаат дека се во право. Облека, финансии, храна… Дозволете тие да одлучат за изборот.
3. Прифатете ја нивната брутална искреност. Можете да бидете сигурни дека Биковите неизмерно ве сакаат, но исто така тие ќе ви дадат и совет како да се подобрите како личност. На вас е дали ќе дадете отпор или ќе им дозволите да ве разгалат.
4. Дозволете им да ја изразат својата благодарност со подароци. Најлесната работа што треба да ја направите доколку вашиот партнер е Бик е да ја прифатите нивната бескрајна дарежливост и нивните совршени и досетливи подароци.
5. Секогаш почитувајте ја и ценете ја нивната доверба. Биковите се многу лојални и верни на оние кои ги избрале како најблиски. Доколку ја скршите нивната доверба, тие можеби никогаш нема да ви простат.
6. Научете да ја сакате рутината и конзистентноста. Биковите сакаат да работат по план и можете да очекувате дека кога ќе се поврзете со нив, тогаш целиот ваш живот ќе биде испланиран. Тие ја сакаат рутината и постојаноста и ќе знаете дека со нив никогаш нема да добиете некое неочекувано и непријатно изненадување.
7. Помогнете им да ја развијат нивната самодоверба. Доколку вашиот партнер е Бик, тогаш потребно е да им помогнете да ја зголемат својата самодоверба. Не плашете се да им кажете дека имаат одличен вкус, дека го прават вистинскиот избор, дека изгледаат фантастично и слично.
8. Забележете што посакуваат да добијат како подарок. Бидејќи го сакаат планирањето, шансите дека веќе знаат што сакаат да добијат за роденден се големи. Тешкиот дел е да ги надминете нивните очекувања и можеби ви звучи како невозможна мисија, но сѐ што треба да направите е само да прашате.
9. Избегнувајте да ги изненадувате со непријатни ситуации. Биковите се приземни и стабилни личности и не ги сакаат изненадувањата. Избегнувајте да им приредувате нешто што не го очекуваат, особено ако така ризикувате да ги вознемирите нивните планови и нивната агенда. Вашата љубов и искреност се повеќе од доволни.