8-те животни циклуси според астрологијата
Нашите животи се под големо влијание од сонцето, месечината и планетите. И додека сите тие имаат одреден удар на нашиот живот, постојат одредени фази во кои имаат најсилно влијание на нашето однесување и донесувањето одлуки. Според ова, нашиот живот може да биде поделен на 8 периоди.
1. 0-7 години
Во овој период, кој почнува со раѓањето, владее месечината. Поради нејзината чувствителност, и децата се премногу чувствителни. Поради ова важно е родителите да бидат внимателни. Нивната улога е клучна во овој период.
2. 7-14 години
Влијанието на Меркур во овој период го тера детето во раст да го истражува светот. Во оваа фаза луѓето имаат голема желба за промена и секој ден се наоѓаат во нова ситуација. Во овој период децата ги учат правилата на комуницирање со другите.
3. 14-21 година
Главната планета во овој циклус е Венера која е симбол на љубовта, сексуалноста и еротиката. Адолесцентскиот период е и првиот контакт со љубовта и сексуалноста. Луѓето почнуваат да ги истражуваат своите емоции и чувства и се фокусираат на надворешниот изглед.
4. 21-35 години
Марс им помага на луѓето да се смират во овој период. Желбите и соништата полека добиваат реална форма, а целите се остваруваат. Стабилизирањето на професионалниот и личниот живот е забрзано во овој период поради влијанието на Марс.
5. 35-42 години
Влијанието на сонцето ги тера сите да го достигнат посакуваниот социјален статус. Сите луѓе ќе поминат низ многу телесни промени овој период. Поради тоа овој циклус е стресен, и физички и психички.
6. 42-56 години
Јупитер ја зголемува духовноста кај сите. Важните и значајни одлуки се однесуваат во оваа фаза благодарение на Јупитер. Сексуалниот нагон веднаш се намалува, кај жените настапува менопауза и губат сексуална привлечност, додека мажите чувствуваат намалена сексуална енергија.
7. 56-70 години
Владејачката планета на овој период е Сатурн. Со Сатурн доаѓаат мудроста, но и губењето енергија кое ги забавува телесните функции.
8. 70 години и нагоре
Уран поттикнува барање нови задоволства во животот. Најчесто луѓето се посветуваат на духовноста или на внуците во оваа фаза.
Погледнете го и овој прецизен египетски хороскоп кој ја открива вашата судбина навистина детално.