7-те мрачни карактеристики на Стрелците

7-те мрачни карактеристики на Стрелците

Секој си има своја мрачна страна, дури и ако има навистина позитивни одлики. Стрелците се познати по тоа што имаат многу позитивни карактеристики. Тие најчесто им се посветуваат на своите цели и се вистински интелектуалци. Сакаат природа и авантури, но сакаат и да истражуваат информации. Сепак, и тие имаат своја мрачна страна која ја знаат само оние коишто им се најблиски.

1. Премногу размислуваат

Поради нивната вештина за длабоко критичко размислување, Стрелците можат да го преценат својот интелект и понекогаш да изгледаат егоистично.

2. Можат да имаат комплекс на бог

Нарцисите често им се препуштаат на задоволствата, а Стрелците знаат да претераат со тоа. Иако ова ретко им пречи во работата, може да ги избрка нивните пријатели и да ги оддалечи од семејството.

3. Можат да бидат директни и неучтиви

Јасно е дека Стрелците се свесни за нивниот интелект и самодоверба. Од сите последици од оваа свесност, најлошо е тоа што забораваат да размислат пред да прозборат. Ова може да создаде многу непријатни ситуации.

4. Премногу судат

Стрелците премногу брзо просудуваат уште при првата средба со некого. Се разбира, првиот впечаток не секогаш е точен, но Стрелците ретко го земаат тоа предвид.

5. Ризикуваат, a подоцна се грижат за последиците

Понекогаш преземањето ризици е позитивна карактеристика. Но, Стрелците свесно се ставаат во ризични ситуации вклучувајќи се во ризично однесување како коцкање или злоупотребување дроги. Тие претпоставуваат дека се непобедливи, а ова често им предизвикува проблеми.

6. Предолго остануваат лути

Ако сте блиски со некој Стрелец, обидете се да не му згрешите. Стрелците не простуваат, особено ако го нападнете нивниот карактер. Кога станува збор за нивните идеи, без проблем се расправаат и се неучтиви.

7. Веруваат во одмазда

Кога ќе им забиете нож во грбот, Стрелците се одмаздуваат интелигентно и безмилосно. Можеби дури и нема да дознаете дека биле тие, ако имаат доволно време да ја испланираат одмаздата.

Сепак Стрелците се одлични пријатели, па погледнете зошто ви е потребен барем еден пријател со овој знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар