7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта

7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта

Жените Јарци се вистински борци. Тие се работливи, вредни и силни личности и секогаш се гордеат на овие карактеристики. Тие очекуваат нивните партнери да ја ценат и почитуваат нивната издржливост и истрајност. Исто така, не само што вложуваат труд во својот професионален живот, туку работат и на подобрувањето на нивната љубовна состојба. Ова се 7-те начини на кои можете да им ја покажете својата љубов на жените Јарци и да им ја дадете почитта која ја заслужуваат.

7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта

1. Дајте им комплимент дури и кога не им е потребен

Жените Јарци се многу горди. Тие се независни и јаки, но тоа не значи дека не им се допаѓаат комплиментите. Тие сакаат нивниот труд да се исплати и да биде забележан. Обрнете внимание и дајте им еден љубезен комплимент за нивниот изглед или нивната досетливост. Можеби ќе се однесуваат како да не им е гајле и дека вашите комплименти не им се потребни, но внатре потајно ќе се порадуваат исто како и секоја друга личност.

2. Работете чесно и напорно за да ја заслужите платата

Бидејќи жените Јарци се вредни и работливи, истото го очекуваат и од своите партнери. Погрижете се да имате стабилна работа во која ќе можете да ги покажете своите најдобри квалитети. Жените Јарци не се големи љубители на мрзеливите луѓе кои по цел ден седат пред телевизорот. Активирајте се и заслужете ги парите кои ги заработувате. Жените Јарци ќе го ценат тоа.

3. Бидете зависни и сигурни

Кажете го она што го мислите и мислете го она што го кажувате. Бидете сигурни во себе, но бидете и личности со кои жените Јарци можат да се чувствуваат сигурно. Тие немаат време за слаби и несигурни личности. Тие сакаат нивните партнери да се грижат за нив. За возврат, ако жените Јарци забележат дека сте мотивирани и инспирирани, тие ќе ви покажат двојно повеќе љубов и грижа. Но, најпрво ќе мора да ја заслужите таа привилегија.

4. Бидете предвидливи, но не на досаден начин

Жените Јарци ја сакаат рутината бидејќи ги прави да се чувствуваат удобно. Можеби имате некои навики или традиции кои ги правите заедно, како на пример секоја сабота јадете кинеска храна или знаете дека вашиот партнер сака да јаде слатки работи, па секој трет ден им купувате чоколадо. На жените Јарци овие повторливи и предвидливи дејства воопшто не им се досадни, напротив, тие нив ги обожаваат.

5. Допирајте ги

Што е попривлечно од допирот? Малите допири и гестови, особено оние сензуалните, значат многу за жените Јарци. Можеби имале тежок и напорен ден на работа, па ќе ви бидат многу благодарни ако им направите масажа. Можеби се соочиле со некој предизвик кој ги направил нервозни, па ќе им значи ако ги држите за дланките и им покажете дека сте тука за нив и дека ги поддржувате дури и во најтешките моменти.

6. Запознајте ги со вашето семејство и пријателите

Еден од начините на кои можете да им ја покажете вашата љубов на жените Јарци е да ги запознаете со вашите најблиски. Не мора да претерувате со пофалните зборови и да ги направите центарот на вниманието, туку претставете ги како ваши партнери и бидете горди на тоа што го делите животот со нив.

7. Бидете приземни

Жените Јарци не се беби-ситерки. Нивниот живот е организиран и сакаат кога сѐ се одвива плански. Тие сакаат и да бидат главни и да имаат лидерски позиции. Жените Јарци се силни жени кои од своите партнери го очекуваат она што го очекуваат и од самите себеси: да имаат желба и мотивација да работат на успехот, да ги остварат своите цели и да се стремат кон општиот напредок во животот,к како на приватен така и на професионален план.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар