6-те хороскопски знаци кои најчесто им се враќаат на бившите партнери
Никој не ги сака раскинувањата, но поголемиот дел од врските сепак се неуспешни. Додека некои луѓе воопшто не се вртат наназад после раскинувањето, другите едвај чекаат да добијат уште една шанса со бившиот партнер. Погледнете кои се хороскопските знаци кои најверојатно ќе се смират со нивниот бивш партнер.
1. Рак
Вие љубите со целото ваше битие. Од моментот кога ќе запознаете личност што ви се допаѓа, не можете а да не си ја замислувате вашата заедничка иднина. Кога се вљубувате, настојувате да верувате дека тоа ќе трае засекогаш, па ако врската заврши, вам ви се руши целиот свет. Од друга страна пак, секогаш го гледате најдоброто кај луѓето и многу лесно простувате. Па ако бившиот партнер посака да ви се врати, најверојатно ќе го пречекате со отворени раце, тврдејќи дека сте знаеле дека сте создадени еден за друг.
2. Риби
Вие сте навистина сентиментални, а кога станува збор за љубовта, ја чувствувате навистина интензивно. Вие љубите силно и се вљубувате брзо, а ова може да биде навистина неверојатно. Но кога на врската ќе ѝ дојде крај, иако ќе ги чувствувате сите негативни емоции кои доаѓаат со тоа, вашите сеќавања сепак ќе бидат позитивни и среќни. Сакате да се присетувате на врската со носталгија и размислувате само за убавите моменти. Доколку бившиот партнер ви побара втора шанса, најверојатно со радост ќе се согласите, со надеж дека повторно ќе ги доживеете магичните моменти.
3. Вага
Вие навистина сакате да го гледате доброто кај луѓето, а оваа особина е за пофалба. Многу често кога започнувате врска инвестирате сè во неа, а осаменоста не е нешто што прави да се чувствувате удобно. Сакате нештата да бидат мирни, а ако раскинете со партнерот, целиот живот ви излегува од рамнотежа. Без разлика колку повредени и разочарани сте од бившиот партнер, ако тој ви побара прошка и уште една шанса, најверојатно ќе се согласите. Ќе се обидете да разберете зошто врската била неуспешна првиот пат и ќе барате начин да не се повторуваат старите проблеми.
4. Бик
Потребно е многу за вистински да се вљубите, а кога ќе се случи тоа сакате да трае засекогаш. Штом ќе започнете удобна врска, нема да сакате да прекине. Кога одеднаш нештата ќе се променат и ќе раскинете со партнерот, ништо нема да ви има смисла. Иако можеби ќе бидете повредени, сепак ќе му дадете втора шанса на партнерот бидејќи се грижите за него и повеќе сакате да се борите за врската, наместо да излегувате од удобната зона и да започнете нешто ново со некој друг.
5. Девица
Иако можеби е изненадувачко, но и Девиците се наоѓаат на оваа листа. Можеби на почетокот од врската градите навистина големи ѕидови, но штом навистина ќе се вљубите нештата почнуваат да се менуваат. Кога ќе ѝ дојде крај на врската почнувате да се обидувате да ги решите проблемите и не сакате да прифатите дека тоа е крај. Доколку партнерот ви побара уште една шанса, најверојатно ќе му ја дадете, но овој пат ќе се обидете да не ги повторувате грешките од минатото.
6. Скорпија
Кај вас нештата варираат бидејќи можете без проблем да напуштите некого доколку сметате дека тоа е правилно, но сè додека партнерот не направи нешто непростливо, вие ќе се обидувате да ја спасите врската. Вие љубите страсно и интензивно, па вашите врски често ги имаат овие карактеристики. Доколку бившиот партнер посака да му дадете уште една шанса, најверојатно ќе прифатите поради вашите силни чувства кон него. Од друга страна, свесни сте дека најчесто го сакате она што не можете да имате, па доколку бившиот продолжи со неговиот живот пред вас, голема е веројатноста да се обидувате да се смирите, без разлика колку сте биле повредени од таа личност.
Доколку сепак не сакате да се смирите со бившиот партнер, погледнете како вистински да го преболите.