6 хороскопски знаци со „незгоден“ карактер

6 хороскопски знаци со „незгоден“ карактер

Секој човек тежнее себеси да се претстави како недопирлив. Никој не сака да делува наивно пред другите.

Додека растеме, осознаваме дека некои наши карактеристики се „незгодни“ за другите, па со нив се штитиме од непријатности и не ги сакаме „кукавиците“ бидејќи на слабоста гледаме како на лоша особина.

За хороскопските знаци кои делуваат „незгодно“, тоа главно произлегува од фактот дека не сакаме луѓето да мислат дека сме ранливи и дека може да нè повредат.

Се разбира, сите сме ранливи и може да бидеме повредени – и токму поради тоа се „криеме“ зад маската на „цврст и незгоден“ човек. Никој не сака да биде повреден.

6 хороскопски знаци со „незгоден“ карактер

Во продолжение дознајте кои се хороскопските знаци кои имаат „незгоден“ карактер?

1. Овен

Секогаш силниот Овен е бурен, бомбастичен, гласен и авторитативен. Можеби делува како некој кој сака да ги малтретира другите, но тоа не е неговата намера.

Тој настапува како „незгоден“ човек за да може да ја зголеми самодовербата меѓу луѓето со кои е опкружен. Тоа е заобиколен начин за да ги натера луѓето околу него да се чувствуваат безбедно бидејќи кога тој е во близина никој не прави проблеми.

2. Близнаци

Кога знаете дека сте најранливите човечки суштества на земјата, треба да се заштитите и тоа е токму она што го прават Близнаците. Нивното однесување е на границата на малтретирање. Близнаците делуваат толку храбро, па затоа е дури и тешко да се биде покрај нив. Тие се толку невротични и несигурни, па ги прикажуваат сите свои стравови и ужаси кон другите, а тоа им овозможува да се преправаат дека можат да се справат со сè.

Тие сакаат да ги ставаат под притисок луѓето околу нив и да им стават на знаење кој е шеф.

3. Девица

Девицата има „незгоден“ карактер. Тука нема збор. Таа е подготвена на сè иако понекогаш знае и да се пошегува. Сепак може да сруши сè што ќе ѝ излезе на патот.

Девицата не е напорна само додека спие, но откако ќе го исклучи алармот за будење таа станува „незгодна“.

4. Стрелец

Стрелците се луѓе со доста непријатен карактер. Тоа е можеби така затоа што тие постојано се држат на страна од луѓето и едноставно не им е грижа за другите. Но, штом ќе поразговарате со нив, веднаш ќе знаете кој е шефот во ситуацијата.

Дури и кога не е во право, Стрелецот е во право. Тој е хороскопскиот знак кој може да практикува „паркур“ и други екстремни спортови затоа што го сака вашиот восхит.

5. Лав

Лавот им делува „незгодно“ на сите. Тој сака да ги натера луѓето да мислат дека е злобниот, маестрален Лав – кој може и кој прави сè што ќе посака! А тоа го става под голем притисок.

Тој сака да раскажува приказни за неговата храброст и упорност и делува „незгодно“ затоа што сака луѓето да веруваат во него.

6. Вага

Ако некогаш сте сретнале лажливец кој може да ве натера да верувате дека е силен, тоа е некој во знакот на Вага. Ватата не може да се пофали дека е силна. Таа се плаши од целиот свет, но тежнее да остави впечаток на храбра личност.

Станува збор за „незгоден“ човек кој пишува непријатни коментари на Интернет, но се плаши од директно соочување со неистомислениците.

Можеби сакате да прочитате и за 5-те хороскопски знаци што секогаш први започнуваат расправија во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар