6 хороскопски знаци кои не остануваат многу долго во врска

6 хороскопски знаци кои не остануваат многу долго во врска

Врските не траат засекогаш, а за некои луѓе, тие траат многу кратко. Постојано се обидувате, но кога имате нешто поставено пред вас што доаѓа со идеали и очекувања, се чувствувате како да одите по минско поле на потенцијални разочарувања. Ако партнерот сака да бидете некој друг освен тоа што сте, тогаш започнуваат проблемите. А, ако вие сте тие што сакате да ја напуштите врската со која едноставно не можете да се справите, тоа може да има врска со астрологијата. Кои се хороскопските знаци што не остануваат премногу долго во врските?

6 хороскопски знаци кои не остануваат многу долго во врска

1. Бик

Овие личности мислат дека секоја нова врска е вистинската, но толку брзо им станува здодевно што е невозможно да останат подолго време со еден партнер. Дури и ако останат, тие веројатно веќе ве изневеруваат.

Биковите не сакаат да ве изневерат, но тие се толку неодоливи во кревет што сите ги сакаат засекогаш, а овие личности немаат време за тоа. Тие зрачат со шарм и со добра смисла за хумор, што ги тера луѓето да мислат дека се подготвени за стабилни врски, но вистината е дека Бикот не можете да го задржите.

2. Стрелец

Ако сте Стрелец, тогаш знаете како е очајно да сакате да бидете во врска, само за да сфатите како изгледа неуспехот од таа врска. Тешко е да се биде во врска со Стрелец, бидејќи тие се самостојни и независни личности. Овие личности ќе ви остават впечаток дека го претпочитаат сопственото друштво повеќе отколку да бидат со вас, а тоа навистина е така.

Стрелецот се чувствува добро кога е сам, а некои луѓе кои не можат да го сфатат тоа, се навредуваат. Стрелците никогаш не го прават тоа за да ве повредат, но сепак го прават тоа. Врските со личностите родени во овој хороскопски знак не траат долго.

3. Вага

Овие личности не остануваат во врска затоа што не сакаат да бидат во врска. Во прашање се брз секс и тоа што можат да го добијат од вас. Ако имате пари, Вагата ќе биде со вас додека парите не се потрошат, а потоа ќе ви го сврти грбот.

На овие личности им е важна бројката. Тие сакаат да имаат колку што е можно повеќе партнери без да им бидат посветени, па обично ја повредуваат личноста со којашто се, едноставно затоа што не можат да бидат врзани.

4. Скорпија

Скорпијата нема намера да остане во врска, освен ако, се разбира, не ја пронајде својата сродна душа. Сите знаеме колку е тешко да се најде нешто совршено, а уште потешко совршен партнер.

Тие се посветени партнери, но ако вие не им се посветите, врската нема да трае. Овие личности се комплицирани и постојано имаат некакви барања, но исто така сакаат да ве контролираат и имаат големи очекувања.

Ако не ги исполнувате сите барања и очекувања, тие го губат интересот за вас и ќе ве остават. Ако се вљубите во Скорпија, ќе го изгубите вашиот разум.

5. Близнаци

Близнаците се личности кои постојано ќе ве критикуваат, па е речиси невозможно да останете во врска со нив. Всушност, ако сте во врска со Близнаци, најверојатно страдате од недостаток на самодоверба.

Близнаците сакаат да бидат во врска, но само ако можат да ве „поправат“. Тие сакаат послушни слуги, а не партнер со кого ќе го делат и ќе го живеат животот.

Она што ги тера Близнаците да ја прекинат врската е моментот кога жртвата почнува да сфаќа дека психопатот ја држи во заробеништво.

6. Овен

Припадниците на овој хороскопски знак имаат многу очекувања, знаат што сакаат во врската и ќе ве вознемируваат додека не се откажете. Ова обично е почеток на крајот на врската со Овенот.

Овие личности го прават тоа намерно, што ги прави поттикнувачи на раскинувањето. Тие им вршат толку голем притисок на своите партнери да бидат совршени, па поради тоа следуваат катастрофа и разочарување.

Овните ја завршуваат врската обвинувајќи го партнерот дека е најлошата личност на светот, а тоа им е совршена пасивно-агресивна причина да ве остават.

Прочитајте кои хороскопски знаци изневеруваат за време на сезоната на Рибите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Емилија Reply

    (Шкорпија) Сум имала к`смет да идам со сите од наведениве знаци, а мажена сум за бик, и не ми се лутете ама ништо не ми погодивте.

Остави коментар