5-те љубовни маани на секој хороскопски знак
Во повеќето врски, причината за кавги, недоразбирања, па и раскинување, лежи во недостатокот на љубов и концентрирањето на недостатоците на другиот. Вистината е дека секој од нас има маани, а доколку ги знаете оние на вашиот партнер, можете да спречите тие да предизвикаат поголем проблем во вашата врска.
Овен
1. Ова е хороскопски знак со најексплозивен темперамент и често има проблем со контрола на бесот.
2. Често се однесуваат како да се многу наивни и незрели.
3. Секогаш се возбудени околу започнување на нови нешта, но многу лесно го губат интересот.
4. Нивната нетрпеливост е многу напорна, секогаш сакаат сè и сега.
5. Поприлично се егоисти и тешко ја разбираат туѓата перспектива.
Бик
1. Ужасно се тврдоглави и во кавгите со нив не треба да очекувате дека некогаш ќе победите, дури и ако знаат дека не се во право. Секако нема да попуштат.
2. Со среќа во очекувањата дека тие ќе бидат вредни партнери кои ќе раскреваат низ дома за сè да биде на место.
3. Нивните потреби и желби секогаш имаат приоритет.
4. Често знаат да бидат здодевни.
5. Емотивно тешко се отвораат и најчесто само велат „сè ќе биде во ред“.
Близнаци
1. Најчесто се многу несигурни и тешко можете да сметате на нив.
2. Секој ден прво мора да анализирате каква им е волјата, за да знаете како да се прилагодите на нивното однесување.
3. Сакаат да шармираат со убави зборови, но често не ги исполнуваат своите ветувања.
4. Сè брзо им здосадува, па така и партнерот. Затоа покрај нив може брзо да почнете да се чувствате како да сте им вишок.
5. Животот со нив подразбира безброј полузавршени проекти и напуштени идеи.
Рак
1. Нивните промени во расположението се многу исцрпувачки.
2. Често ќе ве повредат со тешки зборови, а подоцна нема да ја преземат вината за тоа.
3. Ќе ве побрзаат за „сериозна врска“, брак и семејство, но ни самите не се сигурни во тоа.
4. Ќе покажуваат знаци на зависност од вашата врска заради што може да се чувствувате како во затвор.
5. Животот со нив може да биде прилично монотон и предвидлив, тешко ќе ги навикнете на нови активности.
Лав
1. Тешко е да се чувствувате сигурни со нив, бидејќи сакаат да флертуваат кај ќе стигнат.
2. Никогаш нема да имате чувство дека ве сакаат колку што вие ги сакате нив и повремено ќе ви создаваат чувство дека се наметнувате во врската.
3. Ретко признаваат дека не се во право, а дури и ако го направат тоа, самите не веруваат во тоа.
4. Знаат да бидат многу арогантни и нетактични.
5. Бидејќи тие мора да бидат во центарот на вниманието, може да се чувствувате како да живеете во нивната сенка.
Девица
1. Тие се кралеви во анализирање и осудување на туѓото однесување.
2. Животот со нив значи дека секогаш вие ќе мора да бидете иницијатор на сè.
3. Сакаат да се муртат, па после кавга очекувајте однесување како на петгодишно дете.
4. Бидејќи често се несигурни, од вас очекуваат сè за да не се чувствуваат така, иако вие со тоа немате никаква врска.
5. Мора да живеете според нивните правила. Во спротивно ќе слушате критики секој ден.
Вага
1. Ретко ќе знаете што всушност мислат за нешто, бидејќи може да ви го зборуваат она што знаат дека сакате да го слушнете.
2. Ќе се обидат со разни игри, како оние со казнување и наградување, за да манипулираат со својот партнер.
3. Лесно можат да се свртат против вас ако ги повредите.
4. Често се многу тажни и оптоварени со изгледот, а и од вас ќе очекуваат секогаш да изгледате совршено.
5. Нивната упорност е спорна, а често се жалат, што може да биде тешко за слушање.
Скорпија
1. Нивната љубомора е легендарна и можете да очекувате бесни погледи при секој разговор со некој од спротивниот пол, за кого тие ќе проценат дека е привлечен.
2. Покрај нив тешко ќе знаете како самите се чувствувате, бидејќи тие се во состојба да манипулираат со вашите емоции.
3. Во состојба се потполно да ве игнорираат и да ве остават така што само ќе исчезнат од вашиот живот.
4. Често имаат тајни, а ни малите „наивни“ лаги не им се непознати.
5. Со нив и малите кавги можат да се претворат во големи.
Стрелец
1. Обожаваат да зборуваат, но тешко ги слушаат другите.
2. Очекуваат од партнерот постојано да ги забавува, а ако тоа не се случува, ќе кукаат.
3. Со среќа во обидот нешто да го научите вашиот Стрелец, бидејќи тој и така веќе сè знае.
4. Обожаваат да доминираат во односите.
5. Знаат да бидат многу директни и бесчувствителни, и ако сакаат – мајстори се во повредување на туѓите чувства.
Јарец
1. Работата, нивните цели и успеси секогаш ќе им бидат на прво место, пред партнерот.
2. Тие се најпознати „контрол фрикови“ во целиот Зодијак.
3. Често им недостига спонтаност бидејќи не се способни да се опуштат, заради што вашиот однос може да стане здодевен.
4. Ќе ја анализираат и паметат секоја грешка што сте ја направиле и бидете сигурни дека ништо не забораваат.
5. На нивниот став не можете да влијаете, единствено што можете е да се прилагодите.
Водолија
1. Тие често живеат во своите соништа, заради што се чинат оддалечени од сè и од сешто, па така и од партнерот.
2. Врската со нив може да се претвори во доживотна низ предавања – бидејќи тие секогаш знаат како е најдобро.
3. Во вашиот приватен живот скоро секогаш ќе ги вовлекуваат пријателите и покрај нив може да се чувствувате како вие да не сте им доволни.
4. Иако се гордеат со тоа што се либерални, всушност според своите принципи тие ги осудуваат сите други.
5. Секогаш можете да знаете за што размислуваат, но ретко што чувствуваат.
Риби
1. Нивната замисленост е проблем, сметајте дека сè што ќе кажете ќе мора и да го повторите.
2. И додека е тешко да ги поттикнете нешто да започнат, уште потешко е да ги натерате тоа и да го завршат во разумен рок.
3. Ќе ги жртвуваат своите потреби и чувства за другите, па може да имате впечаток дека се слаби и дека мора да се грижите за нив.
4. Ги идеализираат односите и од вас ќе имаат бројни очекувања.
5. Рибите постојано размислуваат што сакаат во животот, па вие веројатно често ќе се запрашувате каде сте вие во таа равенка.
Прочитајте ги и 7-те најдобри карактеристики на секој хороскопски знак и 5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак.