5 нешта кои треба да ги знаете за девојките во хороскопскиот знак Бик

5 нешта кои треба да ги знаете за девојките во знакот Бик

Премногу и непоправливо тврдоглави, лојални и со морален компас, тие се темел на нивната фамилија и лепило кое ги држи заедно нивните пријатели. Сакаат да ги тешат луѓето кога се тажни и се родени помеѓу 21 април и 21 мај. Ова се главни карактеристики на оние кои се родени во знакот Бик. Тие се најубавиот, најсупериорниот и најсложениот хороскопски знак во зодијакот, а овие нешта ги дефинираат.

0-5-neshta-koi-treba-da-gi-znaete-za-devojkite-vo-znak-bik-kafepauza.mk

1. Уживаат во заведувањето и се возбудуваат од околината

Жените во знакот Бик се хиперсензуални. Тие се природно заводливи, но не очекувајте веднаш да ве врзат. Заведуваат полека и внимателно и многу тешко се предаваат. Ќе ве мачат додека не изгорите од желба.

И не очекувајте дека сексот ќе биде добар ако ги однесете во вашата „ергенска“ соба со еден душек и облека расфрлана наоколу. Тие сакаат добра атмосфера. Бидејќи се толку длабоко поврзани со нивните сетила, ако сакате да ги возбудите, создадете секси околина – музика, свеќи, мириси. Уживаат во сето тоа. За нив сексот не е само секс – тоа е стимулација на многу нешта.

2. Сакаат конвенционална романса и класична убавина

Ја ценат физичката убавина и имаат ретка моќ да ги видат ситните детали кои се токму она што го дава шармот на нештата и кои голем дел од луѓето не ги гледаат. Тие се тип на жени кои живеат за романтични гестови – големи букети цвеќе, вечера со свеќи и значајни разговори. Трудот навистина и искрено им значи.

3. Изгледаат силно однадвор, но внатре се многу емоционални

Жената во знакот Бик е неверојатно чувствителна. Можеби не изгледа така поради нејзината срамежлива и заштитничка природа, но кога подобро ќе ја запознаете таа е навистина емоционална. Но не, таа не е од оние ирационални девојки кои имаат недостаток на самодоверба и самоконтрола – туку само го гледа светот онаков каков што е. Не бара скриени агенди и ви верува на збор – затоа внимавајте кога зборувате со жена Бик, затоа што може да ја повредите, а да не знаете.

4. Тие се тврдоглави затоа што се паметни

Познати по својата тврдоглавост, припадничките на овој знак имаат негативна репутација, но тоа само го поддржува фактот дека тие се навистина паметни. Тие се зависници од информации кои знаат како да ја користат моќта на нивниот мозок, умеат да анализираат податоци и имаат силно изразено критичко мислење.

Биковите никогаш нема да ви попуштат во дебата доколку не се сложуваат со вас. Иако имаат малку бес кој длабоко го кријат во себеси, понекогаш тој испливува на површината. Исто така ако ги налутите до степен да не можат да ве толерираат повеќе, тогаш ќе почувствувате кога тие ќе го истурат целиот нивни бес врз вас.

5. Имаат скап вкус бидејќи го ценат квалитетот

Овие дами се магнетно привлечени и зависни од дизајнерска облека, парфеми и сите останати скапи, но елегантни работи. Некои велат дека е маана, но за некои тоа е најдобрата карактеристика. За нив важи правилото квантитет<квалитет, па затоа не се плашат да инвестираат во некое парче. Кога инвестирате во нешто (особено во парче облека) сигурно дека тоа долго ќе ви трае, а тоа на Биковите им е најдобро познато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. anonimen Reply

    vrska nema ova sto e gore navedeno 😉 pozz od iskustvo

Остави коментар