5 хороскопски знаци родени за „журкање“
Некои луѓе се родени за да бидат душата на забавата. За нив е природно да бидат во центарот на вниманието, а на фотографиите од новогодишните забави и свадбите ќе забележите дека тие биле главните танцувачи. Некои се ѕвезди на забавата бидејќи знаат да направат општ муабет со секој, да ги утешат „соло играчите“, но и да внимаваат сите постојано да имаат пијалак во раката. Ви откриваме кои 5 знаци се родени за забави.
1. Стрелец
Вистинската забава не почнува додека не пристигне Стрелецот. Личноста во овој знак ги има сите предиспозиции за да биде социјален и екстровертен тип. На него секогаш можете да сметате ако треба да се распламти атмосферата. Огнените забави се општо екстровертни, но Стрелците плус многу сакаат да танцуваат.
2. Лав
Уште еден хороскопски знак кој знае како да ја подигне атмосферата. Лавовите сакаат да бидат видени и сакаат сите да им се воодушевуваат. Ќе заиграат во секоја прилика, а она што особено ги развеселува е нивниот театрален влез на забавата. Лавовите влегуваат со голем стил оставајќи впечаток дека забавата тогаш може да започне.
3. Риби
Иако рибите се далеку позатворени од Лавовите и Стрелците, заради својата зависничка природа, тие се идеален партнер за забавите на кои нема да ве остават сами. Дајте им прилика, бидејќи штом се опуштат, ќе се забавуваат сите осамени и оние кои се чувствувале како аутсајдери.
4. Овен
Овните сериозно ги сфаќаат забавите. Ќе ги видите како се грижат за гостите, проверуваат дали на некој му фали пијачка, но тие се и душата на забавата бидејќи не се задржуваат само кај една група луѓе. Сакаат да се поздрават со секого, да ги забавуваат сите гости, и затоа добиваат покани и за други забави.
5. Водолија
Водолијата сака да оди на забави и да биде опкружена со луѓе. Непосредна и оригинална, таа ветува забава и возбуда. Иако може нема да биде кралица на подиумот, таа сигурно ќе се впушти во муабети со старите пријатели и на тој начин ќе придонесе за пријатна атмосферата.
Tocno, strelec sum i se e tocno… samo nedeostasuva deka se ljubiteli da pijnat malku poveke i posle toa idat tancovetoooo :))