5 хороскопски знаци на кои им е потребен личен простор во нивните врски

5 хороскопски знаци на кои им е потребен личен простор во нивните врски

Колку и да сте заљубени во вашиот партнер, времето кое го поминувате разделени е корисно, но и потребно за секој пар. Да се има „време за себе“ е особено важно за хороскопските знаци на кои им е потребен личен простор во нивните врски.

5 хороскопски знаци на кои им е потребен личен простор во нивните врски

Психолозите тврдат дека е сосема природно да ви треба малку одмор од вашата друга половина.  Според нив, има 2 конкурентни потреби кои се судираат во врската: потребата да се биде индивидуа сама за себе и потребата да се биде во врска, односно потребата да сме сами но и да припаѓаме некому.  Овие две потреби се надополнуваат, кога се задоволени индивидуалните тежнеења, па така секој е подобар партнер.

Доколку припаѓате на еден од овие хороскопски знаци, значи дека веројатно уживате во времето со себе.

1. Бик

Биковите се познати по својата сила и издржливост. Меѓутоа, за да останат сигурни во себе какви што се, им е потребно многу време за себе и за опуштање. Родените во овој знак може да бидат романтичари кои бараат задоволство, но доколку поминуваат премногу време со друго лице, тоа веројатно ќе почне да им смета.  Овозможете му на Бикот да помине подолго време во бањата со миризливи свеќи, па кога ќе ви се врати, ќе ви возврати со дополнителна љубов.

2. Девица

Девиците напредуваат рутински, а кога нивниот распоред е променет, тоа може да им предизвика стрес. Доколку имаат партнери кои се склони да прават спонтани планови и неочекувани испади, врската нема да успее. Бидејќи се срамежливи и осамени личности, на Девиците им е потребно време за себе кое тие го користат за да се организираат и земат здив, па секој кој ќе биде со нив мора да го прифати тоа. Девицата не треба да се вознемирува додека работи, запомнете го тоа.

3. Скорпија

За Скорпијата, имањето „време за себе“ е начин на живот. Скорпиите ретко се заморуваат од тоа да бидат сами со себе и е многу веројатно дека времето поминато со другите ги исцрпува, вклучително и времето поминато со нивниот партнер. Оние што се родени во знакот на Скорпија имаат тенденција да бидат интровертни, бидејќи се многу напнати, па веројатно Скорпија која нема да добие доволно простор за себе ќе се повлече. Ова не значи дека Скорпиите не сакаат да се дружат. Тие едноставно сакаат да го прават тоа во многу помали дози.

4. Стрелец

Стрелците се гордеат со тоа што се целосно независни и тие навистина уживаат да бидат сами. Тие не можат да издржат да бидат покрај иста личност подолго време. Доколку разноврсноста е зачин на животот, тогаш Стрелците сакаат да ги одржуваат работите навистина „зачинети“, но тие исто така, додаваат и многу „зачини“ во спалната соба кога повторно ќе се сретнат со партнерот.

5. Јарец

Јарците се многу слични со Девиците. И за нив работата е на прво место и нема исклучоци. Амбициозните Јарци работат понапорно од кој било друг и со оглед на тоа колку се детални во работата, обично не се колебаат да го стават својот партнер на „нечујно“ едно попладне (или една седмица). Не го сфаќајте тоа лично, Јарците имаат тенденција да напредуваат само кога се сами, а се и доволно практични да го препознаат тоа.

Времето за себе е исто толку важно колку и љубовта, па на некои луѓе тоа им е потребно во поголеми количини, исто како што на некои им е потребна наклонетоста. Доколку вашиот партнер има потреба од личен простор, почитувајте го тоа, бидејќи големи се шансите вашата врска да извлече корист од тоа.

Можеби сакате да дознаете и кои се најинтересните жени во хороскопот и зошто се толку посебни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар