5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година

5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година

Постојат знаци во хороскопот на кои не им е проблем да исчезнат како духови кога сте во врска со нив. Во следниот текст дознајте за кои знаци е поверојатно да ве напуштат без предупредување.

5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година

Овен

Овните живеат спонтано и авантуристички и се предомислуваат постојано. Овенот една минута може да мисли дека е лудо вљубен во вас, а потоа одеднаш да ве напушти без предупредување. Бидете сигурни дека нивната колебливост нема никаква врска со вас. Тие трчаат од личност до личност затоа што не знаат што точно сакаат. Без размислување одат кон она што ги возбудува и кое им создава „пеперутки во стомакот“, наместо да одвојат време и да се запрашаат што би ги направило среќни на долг рок.

Девица

Девиците секогаш се претрупани од обврски. Тие имаат зафатен живот. Ако им се допаѓате тогаш ќе се потрудат врската да успее и ќе ви посветуваат внимание. Но, ако не ве сакаат тогаш воопшто нема да бидат нежни кон вас и ќе исчезнат „без око да им трепне“. А згора на тоа, тие се убедени дека тоа всушност е и вистинскиот чекор. Вам ви преостанува само да сфатите дека тие не се повеќе заинтересирани за вас и дека треба да продолжите понатаму со животот.

Вага

Вагата секогаш има добри намери. Тие воопшто не се обидуваат да бидат сурови. Но, нивен проблем е соочувањето со другите. Кога ќе сфатат дека вашата врска не функционира ќе се потрудат да исчезнат што е можно побрзо. Тие никогаш нема да ви објаснат зошто решиле да ве напуштат затоа што таквиот разговор би бил премногу болен за нив, не само за вас. Идејата дека ви го скршат срцето многу ги погодува. Затоа поедноставно за нив е само да исчезнат и да не ве залажуваат повеќе, со надеж дека ќе ги разберете. Вагите мислат дека вам ќе ви олесни и ќе се смирите по неуспешната врска со нив.

Скорпија

Скорпиите сакаат да се забавуваат. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието. Обожуваат да запознаваат нови луѓе и да создаваат нови пријателства. Благо речено, нивно хоби е флертувањето. Ако не сте во сериозна врска со нив тие може постојано да ве „извисуваат“ претпоставувајќи дека и вие би го направиле истото. Ако ги познавате кратко, тие претпоставуваат дека не сте заинтересирани да излегувате со нив само затоа што биле фини кон вас. Избегнуваат претпоставки и создавање драматични ситуации. Припадниците на овој знак попрво би заминале отколку да бидат дел од комплицирани ситуации.

Водолија

Тие имаат лоша навика да исчезнуваат затоа што ја потценуваат нивната важност. Тие мислат дека прават големо нешто кога ги игнорираат вашите пораки затоа што претпоставуваат дека нивната тишина нема да ви пречи и покрај тоа што мислат дека многу се грижите за нив. Искрено, кога Водолијата ве напушта таа не мисли дека прави нешто лошо. Таа воопшто не знае колку ви е важна и дека ве погодува тоа што го прави.

Можеби сакате да прочитате и со кои хороскопски знаци нема шега во 2020 година: Бидете внимателни со нив затоа што може да ви го претворат животот во пекол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар