5 хороскопски знаци кои го потиснуваат незадоволството во врската
Дали му кажувате на партнерот кога сте лути, тажни и вознемирени или ги потиснувате вашите емоции, особено чувството на љубомора и незадоволство? На некои луѓе им е полесно да не ги споделуваат емоциите или проблемите со својот партнер бидејќи сакаат да избегнат конфликт. Но, иако ги потиснувате вашите незадоволства, тие сепак ќе се појават во одреден момент.
Кога луѓето ги кријат незадоволството и своите чувства, можеби го прават тоа затоа што така пораснале, но тоа може да има врска и со астрологијата. Овие хороскопски знаци ги кријат своите емоции бидејќи не сакаат да предизвикуваат конфликти, но на крајот само ги повредуваат личностите што ги сакаат.
1. Вага
Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да избегнат колку што е можно повеќе конфликти, особено со своите партнери, така што тие ќе го потиснат своето незадоволство сè додека тоа не ја прееле чашата, а потоа ќе бидат вознемирени.
Ова не се случува многу често, но кога ќе се случи, бидете внимателни. Ако емоциите само се потиснуваат, кога ќе излезат на површина, тоа ќе биде експлозивно. Овие личности сакаат сè да е под контрола, но се случува токму спротивното кога нема да успеат да се справат со своите емоции.
2. Риби
Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат да повредат никого или да предизвикаат некој да се чувствува лошо, па затоа ќе ја потиснат својата огорченост. Ваквите незадоволства обично започнуваат кога Рибите ќе кажат „да“ на нешто што навистина не сакаат да го направат. Тие се премногу љубезни и предизвик им е да кажат „не“.
Овие личности секогаш се сочувствителни и услужливи, дури и кога тоа е против нивните интереси. Рибите треба да имаат граници што ќе ги применуваат наместо да бараат од партнерот да направи нешто што тие не сакаат да го направат, а потоа да негодуваат поради тоа.
3. Јарец
Јарците го потиснат своето незадоволство така што ќе бидат зафатени цело време. Тоа е одличен начин да избегнат справување со своите проблеми. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе се погрижат за потребите на партнерот, но забораваат на своите потреби.
Партнерите на овие личности можеби и не побарале ништо од нив и немаат поим за тоа незадоволство. Ваквиот начин на потиснување на незадоволството ќе трае сè додека Јарците сами не одлучат да престанат со тоа.
4. Бик
Никој не сака да биде одбиен, но Бикот го мрази тоа. Личностите родени во овој хороскопски знак имаат навика да ги потиснуваат гневот и болката само за да не изгледаат огорчено или слабо. Тие сакаат да изгледаат силни пред својот партнер и не веруваат дека искажувањето на емоциите е знак на сила.
Овие личности знаат да бидат посесивни во врската, а тоа може да доведе до љубомора и огорченост што најверојатно ќе се обидат да ги сокријат. Тие мислат дека ако бидат доволно трпеливи, нивното незадоволство само ќе исчезне.
5. Девица
Во секоја врска, постојат ситници што ви пречат, а понекогаш малите нешта може да прераснат во поголеми проблеми. Наместо да ги изразат, Девиците имаат тенденција да ги потиснат тие проблеми. Овие проблеми сè уште постојат, па наместо да се занимаваат директно со нив, припадниците на овој хороскопски знак ќе најдат други ситници за да го критикуваат партнерот, а ќе избегнуваат да ги решат поголемите проблеми што негативно влијаат на врската.
На потиснатите емоции им е потребен излез, па тие може да се манифестираат како критики, поплаки или фрустрации. Овие личности се во состојба постојано да го критикуваат партнерот, а тоа може да предизвика расправии и тензија.
Прочитајте на кои хороскопски знаци интимноста не им е на прво место.