5 хороскопски парови што се расправаат, но сè уште можат да функционираат заедно
Ако се трудите доволно, секогаш можете да најдете заеднички јазик со партнерот и да ги решите сите проблеми и недоразбирања. Во продолжение прочитајте кои хороскопски парови најчесто се расправаат и што треба да направат за да функционира врската.
Овен и Рак
Ракот е ориентиран кон домот и кон семејството и не е обожавател на непредвидливи работи. Овенот е спонтан, постојано е во движење и на моменти може да биде непотребно груб. Понекогаш, врската со Ракот може да личи како да има родителска природа, а не романтична. Припадниците на овој хороскопски знак се грижат многу за партнерот, а тврдоглавиот Овен нема да ви го возврати тоа. Раковите се чувствителни и ќе го сфатат лично отфрлањето на нивните желби од страна на Овенот, а тоа веројатно ќе доведе до експлозивни аргументи – Овенот ќе каже сурови зборови што не може да се повлечат и многу ќе го навреди својот партнер.
Како да функционирате заедно: Ако двајцата успеете да најдете начин да управувате со своите екстремни емоции, тоа може да биде добра можност за вас. Овенот не треба да реагира брзо и треба да ја почитува желбата на Ракот заедно да изградат дом и семејство. Ракот треба да му ги каже своите желби и потреби на Овенот, но не на начин како да го обвинува. Ако успеат да ја подобрат комуникацијата, овие личности би можеле да имаат многу возбудлива врска.
Бик и Стрелец
Стрелецот има слободен дух и одбива да биде врзан. Бикот создава совршен меур и одбива да го напушти. Бикот сака сигурност и стабилност, а Стрелецот сака слобода и непредвидливи околности. Тие имаат различни идеи за тоа како треба да го живеат животот – Бикот се фокусира повеќе на својот личен простор, а Стрелецот сака да истражи сè што му нуди животот и тоа често доведува до расправии.
Како да функционирате заедно: Најдобро е прво да бидете пријатели подолг временски период. И покрај вашите различни ставови, вие се трудите да го извлечете најдоброто од другиот, дури и ако не го разбирате сосема. Бикот е посветен знак и секогаш ќе биде тука за да ви помогне, а Стрелецот сака да има лојална личност покрај себе. Бикот исто така сака да открива нови работи, а Стрелецот може да му помогне во тоа. Ако успеат да изградат цврста основа полна со разбирање, овие личности може да имаат многу романтична врска.
Риби и Девица
Рибите се екстремно емпатични и сакаат да бидат сигурни во намерите на партнерот. Девицата има слична желба и сака да го разбере својот партнер, но таа сака да ја има контролата над врската. Рибите ќе направат сè за да ги срушат ѕидовите што ги изградила Девицата, но Девиците не се личности што лесно може да се отвораат, особено ако се чувствуваат под притисок.
Како да функционирате заедно: Двајцата треба да бидете многу трпеливи. Рибите секогаш се трудат да ги разберат луѓето. Ако успеете да ја препознаете неподготвеноста на Девицата за вршење притисок уште на почетокот и ако сте подготвени да играте долга игра, на крајот Девицата ќе забележи дека вие ги ставате потребите на другите пред вашите потреби, но и ќе ве научи како да се грижите за себе. Ако сакате да останете заедно, ќе ви биде потребна голема обострана посветеност.
Водолија и Лав
Овие хороскопски знаци не сакаат да бидат ограничени и сакаат да бидат независни и самостојни. Водолиите можат да бидат малку порезервирани и затворени, а Лавовите се друштвени и комуникативни личности, што може да предизвика недоразбирања помеѓу овие две личности. Освен тоа, овие личнпсти имаат гордост која е многу тешко да се надмине.
Како да функционирате заедно: Помеѓу Лавот и Водолијата постои заемна почит и честопати се добри пријатели. Овие личности поставуваат граници и сакаат да се предизвикуваат едни со други за да бидат подобра верзија од себе. Ако ја остават гордоста настрана и ако научат да ги прифатат недостатоците на партнерот, тогаш овие личности може да формираат многу силна врска.
Јарец и Близнаци
Некои спротивности се привлекуваат, но некои се убиваат меѓусебно, а Јарецот и Близнаците обично спаѓаат во втората категорија. Јарецот е лојален, традиционален, вреден знак што ги цени искреноста и стабилноста како главни приоритети. Близнаците се хаотични и неконвенционални. Тие сакаат постојано да бидат во движење, а Јарецот не сака да губи време и нема трпение за однесувањето на Близнаците.
Како да функционирате заедно: Треба да научите да бидете трпеливи. Близнаците имаат многу генијални и фасцинантни идеи, а Јарецот всушност би можел да им помогне да ги спроведат. Како и да е, Близнаците треба да го вклучат Јарецот да работи со нив, наместо да го избркаат затоа што изгледаат хаотично. Вашата врска може да успее ако одлучите да ја напуштите вашата удобна зона, но за тоа треба да вложите многу труд.
Прочитајте како секој хороскопски знак ги уништува врската или бракот, а не е ни свесен за тоа.