4-те хороскопски знаци што се најмалку заинтересирани за секс
Да, тие неретко се впуштаат во сексуални односи, но најчесто имаат други приоритети на кои им даваат предност. Ако спаѓате во оваа листа, или пак, ако го пронаоѓате вашиот партнер, тогаш сигурно ќе разберете зошто тие се набројани тука и кои се нештата што им се поважни од самиот сексуален чин.
1. Близнаци
Сексот е нешто што не е од клучно значење за Близнаците. Но тоа не значи дека тие не уживаат во сексуалниот акт како и сите останати, туку кога ги редат своите приоритети, тоа не е број 1 на нивната листа. За Близнаците постојат многу поважни работи што ги бараат од личноста што ги привлекува, како на пример, комуникацијата, па неретко се впуштаат и во целибат додека не најдат некој што ќе ги стимулира умствено, со истиот интензитет како што го прави тоа и физички.
2. Девица
Девицата е целосно незаинтересирана за вашите навики и потреби меѓу чаршафите. Да, таа ужива во овој чин, како и сите останати, но мрази кога ѝ зборувате за вашите сексуални авантури. Па ако сакате да останете нејзини пријатели, не зборувајте на оваа тема бидејќи кога станува збор за сексот, таа го смета за нешто приватно што треба да остане само меѓу оние што се дел од него. Фалењата за постигнувањата меѓу чаршафите е најбрзиот начин да изгубите Девица.
3. Вага
И покрај тоа што Вагата може целосно да се препушти на сексуалниот акт, таа го гледа сексот како само еден мал дел од поголема слика. Вагата е сензуален партнер, но таа никогаш не се смета себеси за роб на телесните сензации. Според неа, бракот не се одржува со сексуално задоволство, туку со емоционална поврзаност па неретко би одбрала да ја чувствува токму таа поврзаност пред да ужива во самиот секс.
4. Стрелец
Ако го прашате Стрелецот за важноста на сексот, тој на претенциозен начин ќе ви одговори дека сексот ништо не му значи и дека сите оние што велат дека се зависни од него, се всушност големи губитници. Повторно, како и сите останати човечки суштества, тој со задоволство ќе се впушти во сексуалниот акт за да се задоволи себеси, но многу често брзо му досадува бидејќи постојано е во потрага по посебна поврзаност и подлабока конекција што не може да ја искуси на телесен начин.
Дознајте и кои се 3-те најсекси хороскопски знаци: Нема да можете да ги оттргнете рацете од нив!