4-те хороскопски знаци што најмногу ќе ја почувствуваат јануарската соларна еклипса
Новата месечина во првата недела од новата година е како вистинска астролошка магија кога станува збор за новите почетоци. Но, на 5-ти јануари ќе има и соларна еклипса во знакот на Јарец. Ова значи дека сите ќе почувствуваме повеќе мотивација кога станува збор за освојувања и свежи почетоци.
Секој ќе ја почувствува енергијата на овој настан, но следниве хороскопски знаци ќе бидат под најголемо влијание од јануарската соларна еклипса. Очекувајте навистина интензивна прва недела од 2019-та година. Подгответе се да ги следите вашите цели и извлечете го најдоброто од оваа година.
1. Овен
Вашата желба за водење заедно со интензивната работна етика на Јарецот е совршена комбинација за постигнување на целите. Сепак, не обидувајте се да направите премногу наеднаш. Можно е да ви се пружи нова можност на работа, но размислете добро пред да се согласите за проектот. Можно е да ви одземе повеќе време отколку што мислите. Сега е време да се фокусирате на вашите цели на професионално поле, но време е и да се ослободите од нештата што не ви се потребни. Прифаќајте ги само проектите што се поврзани со вашите амбиции.
2.Рак
Во овој период дефинитивно ќе почувствувате проблеми во партнерството и можно е да ви биде тешко јасно да ги гледате работите. Се обидувате да преземете моќ и контрола во професионалниот живот. Добрите вести се тоа што идентификувањето на овие проблеми е важен дел од чистењето на минатото и прифаќање на иднината. Па, прифатете ја неудобноста и фокусирајте се на вашата одлука.
3. Вага
Сега е време да се фокусирате на јавниот живот, кариерата и репутацијата. Но не е секогаш лесно да го направите ова ако обрнувате премногу внимание на туѓите мислења. Можеби сте соочени со егзистенцијална дилема бидејќи вашите основни верувања се менуваат. Следете ја вашата интуиција и дозволете им на вашите вредности да се променат, со цел да го откриете вашето вистинско јас. Престанете да се гледате низ очите на другите и единственото нешто што треба да го земете предвид кога донесувате одлуки е тоа да бидете искрени кон себе.
4. Јарец
Бидејќи еклипсата се случува во вашиот знак, не е ни чудно што ќе ја чувствувате со поголем интензитет. Ќе преземете контрола над ситуации чиј авторитет им припаѓал на други и ќе барате увид. Мудро користете ги вашите зборови бидејќи другите внимателно ве слушаат. Имате голема моќ во вашите раце, и тоа не само во врска со вашата, туку и со иднината на другите. Не плашете од вашата самодоверба овој период, сега функционирате најдобро.
Дознајте и за кои хороскопски знаци јануари ќе биде многу тежок месец.