4 парови од хороскопот кои имаат врски полни со флертување
Секој пар има своја уникатна форма на комуникација. Тоа е она што ги одржува заедно и прави да си одговараат. Некои парови споделуваат слични вредности, слично чувство за хумор или се само сексуално компатибилни. Други парови, пак едноставно не може да функционираат без флерт.
Флертувањето може да биде добро за паровите, помага за засилување на привлечноста и ги одржува нештата во врската лесни и забавни. Ако вие и вашиот партнер не можете да престанете да флертувате, тогаш има големи шанси да сте во еден од овие „флерт парови“ во хороскопот.
Овен и Стрелец
Кај овој хороскопски пар нема недостаток на „искри“ меѓу партнерите. Овенот, управуван од Марс, е многу страстен и го сака додворувањето. Нивното скриено оружје е нивниот талент за бесрамно флертување со посакуваната личност. Стрелецот е среќен кога е посакуван и е, исто така, многу страстен. Тој најдобро си одговара со партнер кој ги одржува нештата весели и разиграни, па затоа е привлечен од флертувачкиот Овен и е склон веднаш да возврати на флертот.
Близнаци и Лав
Близнаците и Лавот се компатибилни знаци на многу начини. Тоа е така првенствено затоа што довербата, шармот и духовитоста на Лавот се фасцинантни особини за љубопитните Близнаци. Лавот, пак, е привлечен од интензивниот интерес на Близнаците. Двата знака се многу духовити и сакаат да се „закачаат“ со луѓето за кои се грижат. Кога сте со пар овие два знака, лесно може да се „изгубите“ во сите нивни шеги.
Скорпија и Бик
Бикот и Скорпијата многу си одговараат затоа што во партнерот ги наоѓаат работите што вистински им се потребни и ги сакаат кај него. За Скорпија, тоа е некој на кој може целосно да му веруваат и да знаат дека тој им е лојален. За возврат, сензуалниот Бик е воодушевен од партнерот кој може да „држи чекор“ со нивната желба за физичка интимност и блискост. Првичното заведување е основа за флертувањето помеѓу овие два знака. Скорпијата не се плаши да го оствари она што Бикот го посакува. Флертот за нив е игра во стилот на „мачка и глушец“ и никогаш не престанува.
Вага и Водолија
Вагата и Водолијата се најсреќни кога личноста со којашто се во пар е и нивен најдобар пријател. Тие сакаат некого со кој може да се смеат, да се забавуваат и да бидат такви какви што се. Овие воздушни знаци имаат силна ментална поврзаност, тие се постојано возбудени и безгрижни и не престануваат да се смеат. Како резултат на тоа, тие често изразуваат желба за шегување и флертување. На овој начин тие ја одржуваат забавната страна од нивната врска, но исто така, ја поттикнуваат нивната страст. Обожуваат да бидат заедно и постојано да флертуваат.
Можеби сакате да дознаете и кои 5 хороскопски знаци го потиснуваат незадоволството во врската.