4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур

4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур

Ретроградниот Меркур речиси секогаш влијае на љубовните состаноци поради отежнатата комуникација и промените во распоредот. Но, иако овој транзит може да биде многу вознемирувачки, тоа не мора да значи катастрофа за вашиот љубовен живот. Всушност, неколку хороскопски знаци веројатно ќе запознаат некого за време на ретроградниот Меркур, така што ако сте сингл, не откажувајте ги состаноците затоа што можеби ќе се запознаете со некоја посебна личност.

4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур

1. Лав

Вие ќе се занимавате со многу длабоки и интимни лични трансформации за време на ретроградното движење на Меркур, а тоа може да ве доведе до нешто сосема неочекувано ако сте подготвени да се отворите. Вашиот практичен пристап кон љубовта може да ве доведе лице в лице со некој потенцијален романтичен партнер. Не бегајте, туку искористете ја вашата можност. Вашата мисија е да го трансформирате начинот на кој размислувате и никогаш не знаете какви лекции и искуства можеби ќе ви понуди новата личност што ќе ја запознаете.

2. Девица

Романтичните партнерства ви се постојано на ум бидејќи ретроградниот Меркур го погодува центарот за љубов и посветеност на вашиот хороскопски знак. Ако сте сингл, вашите романтични инстинкти ќе бидат многу силни и веројатно ќе бидете дополнително свесни за можностите за среќни средби. Вие сте расположени за љубов и затоа имате можност да ѝ го отворите срцето на личност во којашто ќе се вљубите на чуден и романтичен начин. Искористете го моментот!

3. Скорпија

Во последно време, нештата се одвиваа на пријатен, сладок и креативен начин во вашиот љубовен живот и можеби сте забележале дека се раѓа некое ново чувство помеѓу вас и некоја личност што сте ја запознале во скоро време. Но, не избрзувајте во врската и дозволете да се развива полека. Запомнете, ретроградите бараат работите да се одвиваат побавно од вообичаеното, па затоа продолжете да бидете претпазливи додека сè уште уживате во потенцијалот што може да ви го понуди оваа врска.

4. Риби

Ако сакате да се запознаете со некоја посебна личност, оставете ги настрана триковите и советите од пријателите и направете го она што чувствувате дека треба да го направите. Ќе најдете нов партнер на многу интересен начин, што можеби дури и ќе ве изненади. Бидете подготвени да ја прифатите можноста за волшебна средба. Секоја личност, барем еднаш во животот, заслужува да се чувствува како да е во филм, па затоа не затворајте ја книгата на љубовта за време на ретроградниот Меркур.

Прочитајте кои хороскопски знаци се заинтересирани само за сериозна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар