4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

Ретроградното движење на Меркур започнува на 17 февруари, а ретроградниот Меркур е познат по предизвикувањето неред и незгоди кога станува збор за распоредот, за размислувањето и за јасната комуникација, па затоа дефинитивно треба да преземете некои мерки на претпазливост доколку сакате да ги реализирате вашите планови.

4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

Овој транзит ќе биде најинтензивен и најкорисен за водените знаци, а најпредизвикувачки за огнените знаци. Припадниците на хороскопските знаци Рак, Скорпија и Риби треба да се подготват за некои тешки трансформации што ќе започнат токму на Денот на вљубените. Од друга страна, пак, личностите родени во хороскопските знаци Овен, Лав и Стрелец треба да бидат сигурни дека сè е испланирано како што треба за Денот на вљубените и да внимаваат на начинот на којшто комуницираат со своите партнери. Но, некои хороскопски знаци ќе бидат најмалку погодени од ретроградниот Меркур, па во продолжение прочитајте за кои знаци станува збор.

1. Бик

Ќе чувствувате дека срцето ви чука забрзано на овој Ден на вљубените, па не дозволувајте стравот од ретроградниот Меркур да ве спречи да имате забавна вечер. Барате личност со која ќе се поврзете длабоко, а денес е одличен ден за таков почеток. Ако сте во врска, можеби ве очекуваат некои мали тензии, но ќе ги надминете многу лесно ако го сослушате вашиот партнер пред да донесете заклучок.

2. Вага

Романтиката скриена во вас излегува на виделина и ќе сакате да го затрупате вашиот партнер со подароци и со нежности. Но, имајте на ум дека вашите планови може неочекувано да се променат во последната минута. Најдобро е да останете смирени и да ја прифатите ситуацијата.

3. Јарец

Додека некои хороскопски знаци ќе се дават во драма, вие ќе бидете поштедени од негативните ефекти на ретроградниот Меркур. Додека луѓето околу вас ќе бидат загрижени и вознемирени, вие ќе бидете премногу рамнодушни за да бидете погодени од каква било драма. Правењето големи планови е многу храбар потег, а денес е совршен ден да ризикувате и да го следите вашето срце.

4. Водолија

Ретроградното движење на Меркур може да предизвика некои емотивни проблеми да испливаат на површина токму на Денот на вљубените, но тоа не е нешто со коешто не можете лесно да се справите само со помош на малку повеќе трпеливост. Можно е да се појават некои тензии во врската и можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да се справите со тоа. Ако ситуацијата почне да ескалира, подобро е да го оставите решавањето на проблемот за подоцна кога ќе бидете одморени, а денес фокусирајте се на прославувањето на празникот.

Прочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар