4 хороскопски парови кои не можат да ги држат рацете настрана еден од друг
Можеби се обидувате да му одолеете на искушението, но желбата може да биде многу моќна работа. Хормоните и недостатокот на самоконтрола може да бидат фактори што придонесуваат да не можете да ги држите рацете покрај себе, но понекогаш и астрологијата игра голема улога. Погледнете кои хороскопски парови едноставно не можат да одолеат еден на друг, дури и кога се привлечени од некомпатибилен хороскопски знак.
1. Овен и Стрелец
Кога два огнени знаци се заедно, следува страсна афера. Припадниците на овие хороскопски знаци се сексапилни, енергични и забавни. Тие се многу слични и знаат да се забавуваат еден со друг. Можеби нивната врска нема да трае долго, но додека се заедно, никогаш нема да им биде здодевно.
2. Бик и Скорпија
Кога сензуалниот Бик и секси Скорпијата се во врска, тие не можат да бидат оддалечени еден од друг. Спротивниците се привлекуваат, па и припадниците на овие хороскопски знаци се привлекуваат еден со друг како магнети. Овој спој може да биде интензивен во спалната соба, но експлозивен надвор од неа. Тие се две сили на природата кои имаат многу силна волја и се решени да бидат во право, без оглед на сè. Иако можеби нивната врска нема да трае долго, овие личности ќе го искористат максимумот од времето што го поминуваат заедно.
3. Водолија и Близнаци
Припадниците на овие воздушни знаци се привлекуваат едни со други затоа што тие се совршен интелектуален спој. Тие знаат како да се посветат еден на друг на начин што никој друг хороскопски знак не може да го направи тоа. Припадниците на овие хороскопски знаци знаат како да уживаат во играта со зборови или во која било друга игра, а нивните фантазии може да ги создадат најкреативните сценарија што не можете дури ни да ги замислите. Најдоброто нешто во нивната врска е тоа што овие личности се љубопитни и не се плашат да пробаат нови работи, во и надвор од спалната соба.
4. Јарец и Девица
Припадниците на овие хороскопски знаци не сакаат да губат време. Девицата секогаш обрнува внимание на она што му се допаѓа на партнерот, а надмоќниот Јарец ќе направи сè за да го задоволи партнерот. Овие личности имаат високоразвиено чувство за допир, така што ќе им биде тешко да ги држат рацете настрана еден од друг.
Прочитајте на кои 3 хороскопски знаци емоционалната интимност во врската им е на прво место.