3 жестоки астро парови кои ќе ги преживеат сите бродоломи
Турбулентните врски, силните емоции и честите караници најчесто завршуваат со приказна за совршени парови кои биле заедно во погрешно време. Меѓутоа постојат среќници чија врска поминува низ разни искушенија, препреки, па дури и разделби, кои на крајот се доказ дека вистинската љубов навистина победува сѐ.
Тие лудо се сакаат, но има моменти кога не можат да се поднесат и се колнат пред себе дека никогаш нема да си простат еден на друг, сепак, невидливите нишки кои ги поврзуваат никогаш не се кинат. Тие можеби и би можеле еден без друг, но заедно се непобедливи и можат да се борат против целиот свет. Погледнете за кои комбинации станува збор:
1. Девица – Водолија
Во оваа комбинација Девицата прва ѝ фрла око на Водолијата. Таа смислува тактики како да го привлече нејзиното внимание, бидејќи педантните Девици секогаш детално планираат пред да направат што било. Од сите оружја со кои располагаат најмногу ќе им користи нивната духовитост бидејќи Водолиите секогаш паѓаат на духовните вредности, а не на материјалните богатства што им се нудат.
Оваа астро-комбинација е прилично необична, бидејќи овие два знака се различни по своите погледи на светот, но хемијата која постои помеѓу нив е толку силна што ги надминува сите овие разлики. Нив не им е потребно премногу време за да се заљубат меѓусебно до срж, но најчесто најголемата препрека е тоа што Водолиите се скоро бестрашни, додека Девиците се оние кои проценуваат колкав би бил ризикот ако ги послушаат своите партнери. Од друга страна, Девиците имаат тенденција често да проповедаат бидејќи сметаат дека го имаат сиот памет на светот и со своите пасивно-агресивни настапи ги уверуваат Водолиите дека се секогаш во право.
Водолиите тоа ќе го толерираат во зависност од силината на емоциите кои ги имаат кон „сезнајковците“, а Девиците тоа ќе го сфатат како сигнал дека успеале во своите намери. Кога ќе дознаат дека се во заблуда, тие им приговараат на Водолиите дека се самобендисани и дека нема повеќе да го трпат тоа. Од друга страна, Девиците ќе придонесат со нивната каприциозност, по што разделбата ќе изгледа како единственото решение. И тие ќе мислат дека тоа е засекогаш. Иако овие два знака се во состојба да не контактираат со месеци, па дури и со години, во мислите секогаш се навраќаат еден на друг.
Водолиите можат да самуваат и во целост да се посветат на унапредување на останатите аспекти од нивните животи, додека Девиците ќе се задоволат со тоа дека горе-долу сѐ е исто во нивните животи, но одвреме-навреме може да влетаат во некоја авантура. Меѓутоа, личностите кои влегуваат во нивниот живот не се ниту бледа сенка на Водолијата. Колку и да им смета нетипичниот поглед на светот од страна на Водолиите, сепак им недостасува нивното разбирање, блесавоста и искажувањето чувства на нивните крајно невообичаени начини. Бидејќи и двата знака се синоним за тврдоглавост, прашање е кој од нив прв ќе воспостави контакт. Но, кога повторно ќе се соединат, тоа дефинитивно ќе биде засекогаш.
2. Стрелец – Риби
Уште еден астро-пар кој на прв поглед изгледа невозможно. Стрелците се вистински освојувачи кои не се грижат за општествените правила, додека Рибите робуваат на многу предрасуди, а истовремено сонуваат за љубов од бајките. Додека Рибите се повлечени, Стрелците без срам ја покажуваат својата наклонетост и сакаат што побрзо да го конкретизираат нивниот однос.
Стрелците се повеќе чувствителни и страсни типови луѓе на кои им е потребно време да ги откријат длабоките чувства кои ги чуваат во себе. Рибите ги привлекуваат поради своите детски, романтични погледи бидејќи тие во нив гледаат поддршка и некој што би можел да ги води низ животот. На Стрелците ова најпрво им се допаѓа, но со тек на време ќе почнат да се гушат од големите и сериозни планови за животот кои ги имаат Рибите, бидејќи не заборавајте, Стрелците сметаат дека може да прават што сакаат и да доаѓаат и заминуваат кога сакаат.
Ако во тој период Стрелците запознаат некоја личност која повеќе ги возбудува од Рибите, тие нема да се срамат да го признаат тоа, бидејќи се секогаш сурово искрени. Рибите пак се пречувствителни, па затоа и остриот јазик на Стрелците може да им нанесе големи повреди на душата, кои ќе ги сметаат како непростливи. Дури и ако нема трета личност, Стрелецот може да западне во душевна состојба кога ќе смета дека разделбата е единствениот спас за него. Тие ќе ги уверуваат Рибите дека не се доволно добри за нив или ќе ги обвинат дека нешто кријат со цел негативно да влијаат врз врската.
Нивните разделби се бурни и најчесто на сите им раскажуваат за своите проблеми, барајќи поддршка од јавноста за одлуката која ја донеле. Кога ќе помине првиот бран од негативни емоции и двајцата почнуваат да страдаат еден за друг, но скоро и да не комуницираат. Дури и кога се во контакт, тоа им носи поголема штета отколку корист и затоа се колнат дека тоа е дефинитивно крај и дека нема што да бараат еден покрај друг.
Како што поминува времето, Стрелците веќе немаат потреба да ги докажуваат своите шармерски способности, ниту да си докажуваат дека им е добро сами со себе. Рибите иако се многу повредени, сепак се обидуваат да продолжат со животот, дури и влегуваат во површни врски, но длабоко во себе знаат дека во секоја нова личност бараат нешто што го доживеале во врската со Стрелците. На крај Стрелците се тие кои одлучуваат да ѝ дадат уште една шанса на нивната врска, а Рибите како тоа одвај да го чекаат. Можеби ќе биде потребно време за прилагодување, но кога конечно ќе се договорат околу целите кон кои и двајцата се стремат, нивната врска станува нераскинлива.
3. Лав – Вага
Оваа врска е карактеристична поради фактот што тие се поврзани со длабоко пријателство на кое не забораваат дури и во моментите кога не сакаат да се погледнат во очи. Лавовите се големи освојувачи и сметаат дека не постои личност која не можат да ја заведат со својот шарм, но кога ќе наидат на Вага знаат дека ќе мора да го променат пристапот.
Затоа кон нив се поставуваат заштитнички и пријателски. Ќе им биде потребно повеќе време, но сепак ќе успеат да го освојат срцето на Вагите. Во тој момент веруваат дека тоа е крајот, но всушност тогаш започнува најинтересното. Бидејќи Лавовите имаат експлозивен карактер и не ретко покажуваат самобендисаност, сметаат дека сѐ им е дозволено. Вагите често се наоѓаат во улога на нивен глас на разумот и советници кои ќе ги советуваат да застанат и да земат здив. Иако Вагите се посмирени, дури и тие имаат свои епизоди во кои не можат да се изборат со темпераментните Лавови.
Кога Лавот ќе почувствува дека Вагата не е стопроцентно посветена на него и дека постои можност да ја изгуби, ќе се обиде да ја освои повторно со скапоцени подароци или со исклучително смислени изненадувања. Вагите не се имуни на луксузот кој го нудат Лавовите, но тоа нема да биде доволна причина да преминат преку пренагласената театралност на Лавовите, која повеќе ги иритира отколку што ги забавува. Иако имаат различни животни цели, тие се држат заедно, но нивниот однос почнува да се разлабавува кога Лавовите ќе го забележат пренагласеното флертување на Вагите со други личности. Исто така, ако Лавовите не чувствуваат доволно љубов и потреба од нив, не им треба многу за да најдат личност која ќе ги гледа со воодушевување. Нивните караници се експлозивни и жестоки.
Колку и да се чинело дека Вагите „имаат уста, но немаат јазик“, во овие ситуации се прикажуваат во сосема ново светло. Затоа во текот на нивните расправии Вагите се главни говорници, додека за чудо Лавовите повеќе слушаат отколку што изнесуваат свои ставови. Лавовите први си заминуваат бидејќи Вагите од нив бараат да намалат со посесивноста и нетолеранцијата. На тој начин им оставаат време да размислат за сѐ, но и се тешат себеси дека сѐ уште има надеж за нивната врска. Таа меѓуфаза во нивниот однос трае долго додека и двајцата се обидуваат да се навикнат на живот без другиот.
Во суштина Лавовите се тие кои иницираат обид да ги надминат разликите и покајнички ветуваат дека ќе се променат. Вагите секако не веруваат во ова, но сепак се согласуваат да ја продолжат врската. Тоа не значи дека нема да има нови турбуленции во нивната врска, но премногу се врзани еден за друг за воопшто да замислат живот без својата друга половина.