3-те хороскопски знаци за кои есента ќе биде најлоша сезона

3-те хороскопски знаци за кои есента ќе биде најлоша сезона

Ова лето беше навистина лудо и застрашувачко. Истовремено неколку планети беа во ретроградно движење, а ова беше и сезона на еклипси. Иако сезоните се менуваат, не значи дека ова е крај на комплкациите. Следниве хороскопски знаци треба да ја гледаат есента како време за промени, интроспекција и духовно лекување. Иако есента ќе биде лоша сезона за нив, работите сепак ќе тргнат на подобро во текот на зимскиот период.

3-те хороскопски знаци за кои есента ќе биде најлоша сезона

Бик

Од 5-ти октомври Венера, вашата владејачка планета, ќе започне збунувачко ретроградно движење. Бидејќи оваа планета е одговорна за романсата, љубовта, естетиката и успехот, можеби ќе ви биде тешко да ги најдете овие нешта околу вас. Бидејќи ретроградното движење е низ Скорпија, ова ќе биде тежок период за вашиот љубовен живот и за останатите врски. Ако сте во врска очекувајте конфликт што ќе биде нов за вас. Ако сте сингл, ќе ви биде потешко да најдете потенцијален партнер. Но, ова движење завршува на 16-ти ноември. Ќе ја започнете зимата со разбирање за она што ви е важно и ќе имате зацврстена перспектива кон животот.

Водолија

Вашата владејачка планета Уран е во ретроградно движење од овој август. Бидејќи создава нестабилност во вашата четврта куќа на домот, семејството и вредностите, искусувате промени што започнуваат длабоко од вас. Тие имаат влијание на најинтимните делови од вашиот живот. Обично Уран е одговорен за надворешната промена, но ова движење ќе влијае на вашиот внатрешен свет и ќе станете навистина непредвидливи. Ова може да резултира со промена на атмосферата во домот, конфликти со семејството и промени во однесувањето. За среќа, ретроградното движење завршува на 6-ти јануари 2019-та година, токму навреме за овие промени да ви овозможат неверојатни зимски авантури.

Риби

Хирон, владејачот на вашата траума е во ретроградно движење од 5-ти јули. Од 25-ти септември ова движење продолжува низ Риби. Поради ова на виделина ќе излезат вашите рани и вашите сенки. Болката од минатото и проблемите што треба да ги решите ќе бидат единственото нешто на коешто ќе мислите. Колку и да биде тешко, Хирон е овде да ве излечи и да ви помогне во секој чекор од патот. Не заборавајте дека лекувањето понекогаш е мрачен проблем и бара да го разгледате целиот емоционален товар. Можете да успеете. Ова движење завршува на 9-ти декември, кога ќе се претворите во посилна и послободна личност.

Погледнете и кои се хороскопските знаци што оваа есен ќе пронајдат љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар