3-те хороскопски знаци за кои декември ќе биде најлошиот месец во годината!
Ве очекуваат многу потешкотии, ако сте родени во еден од овие знаци. Но, тоа не значи дека е „крај на светот“. Сè што треба да направите е да најдете малку време за себе, да се опуштите и да се препуштите на настаните. Не давајте отпор и овој период брзо ќе помине. А потоа… потоа ве чекаат премногу добри месеци!
Овен: Сè ќе ви биде тешко
Целосно ве сфаќаме! Вашата владејачка планета не соработува со вас, но тоа не е по ваша вина. Замислете само, со патувањето на Марс низ магичниот пред на Рибите, и вашата заспана 12-та куќа на потсвесните соништа, вие сте скоро целосно затворени до следна најава. Реалноста е дека се чувствувате летаргично, збунето и неодлучно до бескрај, и сето ова ве нервира. Обидете се да се впуштите со текот на настаните. Едноставно не вреди да се нервирате.
Близнаци: Премногу работи ви се случуваат
Еј, барем вашата владејачка планета Меркур ви е стационирана директно рано овој месец. Имајќи го тоа на ум, вашиот „најлош декември“ најмногу се однесува на вашата психа. Вие постојано талкате со мислите и тоа ве уништува во реалноста. Едноставно претерано размислувате за професионалниот живот и за моменталниот распоред, и тоа непотребно ве потресува. Можеби и токму затоа не сте расположени за Дедо Мраз. Но, не правете си го ова на себе. Вие сте најинтересната личност околу празниците, и потребни сте им на сите да бидете во добро расположение.
Водолија: Преморени сте
Сè ќе биде во ред, не грижете се. Пробајте да размислувате на овој начин – вашето соларно враќање е веднаш зад аголот, па подгответе се да почнете со уште едно патување околу сонцето. Треба да го исчистите умот, и да си ги наполните батериите. И погледнете на посветлата страна, барем имате што да правите до крајот на оваа сезона. Ќе ве очекува бурен празничен период со најблиските, од кои можете да црпите позитивна енергија доколку се обидете. Само опуштете се и бидете добри кон себе.
Не се пронајдовте на оваа листа? Можеби за вас декември ќе биде најдобриот месец во годината!