3-те хороскопски знаци што немаат осет за својот хумор и често ги повредуваат другите со шеги

3-те хороскопски знаци што немаат осет за својот хумор и често ги повредуваат другите со шеги

Без разлика дали станува збор за свесен или несвесен напад со хумор, овие хороскопски знаци најчесто ја користат оваа карактеристика како одбранбен механизам. Тие се толку исплашени или се чувствуваат толку непријатно во одредена околина, што едноставно не знаат како да се справат со тоа и почнуваат да се „расфрлаат“ со шеги кои некого, кога-тогаш, ќе го погодат во срце. Погледнете за кои знаци станува збор…

1. Водолија

Водолиите не сакаат големи изјави на емоции, па затоа и често се дистанцираат себеси преку шеги што можат да ги повредат чувствата на другите. Тие се креативни и нивниот ум работи многу брзо, па затоа и можат да станат нетрпеливи ако сметаат дека другите не се на истото ниво со нив.

Кога ги користат шегите и хуморот како одбранбен механизам, тие можат точно да ја идентификуваат најслабата точка на личноста што ја напаѓаат и со сарказам буквално да ја уништат. Мора да им дадете поени за точноста и креативноста.

2. Скорпија

Ако Скорпиите се помеѓу луѓе што не ги познаваат, како пријатели на пријатели, тие можат многу брзо да се насочат кон својот хумор за да ја маскираат својата чудност. Тие се паметни, саркастични и понекогаш дури и малку огорчени.

Бидејќи ништо не прават половично, кога се во вакво расположение, тие ќе ве прочитаат како отворена книга и ќе ве нападнат толку силно, што нема да знаете што ве снашло. Добро составениот коментар од Скорпија може да ве остави со лузна за цел живот.

3. Рак

Раковите, за разлика од Скорпиите, го користат хуморот како реакција, а некако добро осмислен напад. Тие ги чувствуваат нештата длабоко и ако се повредени или лути, веднаш се бунтуваат. Друг пат пак, може да се насочат кон шегите за да ве спречат да им се доближите.

Ако Раковите имаат насобрани емоции и не се чувствуваат безбедно да ги изразат, тие ќе го користат хуморот како одбранбен механизам, без да внимаваат кого ќе повредат. Ова не е најдобар начин за справување со негативни емоции, но понекогаш им делува како единствен.

Дознајте и кои 6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар