3-те хороскопски знаци што ќе се помачат за време на сезоната на Вагата
Овие хороскопски знаци мора да се повлечат малку, да си дозволат време за себе и да размислат точно што сакаат. Само така можат успешно да ја поминат оваа сезона, и покрај тешкотиите, да излезат од неа задоволни.
1. Рак
Вам ви се случуваат многу работи, па затоа и време е да се вратите назад во својата школка. Ова не значи да се препуштите на негативните емоции, туку едноставно да се одморите од сè. Сигурно и веќе се чувствувате уморни, дури и од најобичните секојдневни задачи. Па, искористете ја оваа сезона да ја пронајдете одново својата енергија, и балансот.
2. Скорпија
Време е да ја прифатите својата самотија. Вие можеби се чувствувате несигурно за себе за време на оваа сезона, но откако Сонцето ќе ја осветли вашата таинствена дванаесетта куќа на соништата, завршетоците и сите нешта зад сцените, ќе дојде време за длабока рефлексија. Дванаесеттата куќа, која им припаѓа на Рибите, е последната фаза пред да се преродите за време на вашето соларно враќање.
3. Риби
Дали нештата стануваат премногу сериозни за вас? Знаеме дека многу ја мразите реалноста, но тоа не значи дека можете да продолжите да бегате од неа до крајот на животот. Сезоната на Вагата ќе ви помогне подобро да ги погледнете врските и ќе ви ги покаже сите оние нешта што треба да се поправат. И токму ова ќе биде еден вид предизвик за вас.
Не се пронајдовте на оваа листа? Дознајте дали сте меѓу 3-те хороскопски знаци кои ќе уживаат во сезоната на Вагите.