3-те хороскопски знаци кои ќе уживаат во сезоната на Вагите
Овие три хороскопски знаци ќе бидат незапирливи за време на крајот на септември и почетокот на октомври. Тие ќе откријат точно што сакаат и како да го остварат тоа и ќе тргнат по вистинскиот пат кој со тек на време ќе ги одведе токму таму каде што треба да бидат!
1. Близнаци
Насмевнете се за камерата Близнаци! Време е да излезете од вашата школка – верувајте ни нема да зажалите. Да бидеме реални, вие бевте доста емоционални за време на сезоната на Девиците, и тоа е сосема разбирливо. Со оглед на тоа што Сонцето ја осветли вашата четврта куќа на домот и емоционалната основа, вие најверојатно имавте потреба да се повлечете и да размислите, што е многу типично за вас во стресни ситуации. Но, тоа конечно ќе заврши во сезоната на Вагата. Со Сонцето во вашата петта куќа на љубовта, креативноста, радоста и страста, вашиот екстровертен близнак ќе ја преземе контролата и ќе ве одведе во нови и незаборавни авантури.
2. Вага
Среќен роденден, Ваги! Се надеваме дека добро ќе го прославите вашиот пат околу сонцето. Дури и ако таа забава трае цела сезона! Вие можеби ќе се почувствувате поинтровертно од вообичаено за време на оваа сезона, а најверојатно и покритички настроено, но тоа е само затоа што сте заглавени во дванаесеттата куќа. Пред да бидете преродени за време на вашето соларно враќање, Сонцето тајно ќе ја посети вашата дванаесетта куќа на крајот, кармата и сè она што е скриено, односно ќе ве префрли во интроспективно расположение. Но, кога конечно ќе излезе од таму, и ќе ја стигне истата локација како кога сте биле родени, универзумот ќе ви даде неверојатна шанса да почнете одново.
3. Водолија
Вие ја преживеавте осмата куќа! Таа е поврзана со трансформацијата, па затоа и сигурни сме дека не ви било баш лесно во текот на сезоната на Девиците. Но, сезоната на Вагите за вас ќе донесе сосема нова енергија. Кога Сонцето ќе ја достигне вашата деветта куќа на експанзијата, можностите и сите оние нешта на другата страна од хоризонтот, вие ќе бидете потсетени на вистината. Покрај тоа што ќе бидете во вашиот елемент оваа сезона, вие исто така ќе добиете и мал поглед кон тоа што ви носи иднината.
Состанок со судбината: Три хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата сродна душа до крајот на годинава!