3-те хороскопски знаци што ќе имаат тежок период до 23-ти ноември
Владеењето на Вагата заврши на 23-ти октомври со што започна сезоната на Скорпијата која ќе трае до 23-ти ноември. Нејзината енергија ќе ја почувствуваат сите хороскопски знаци. Скорпиите се познати како мистериозни луѓе, а бидејќи нивниот владетел е Марс, сите знаци ги очекуваат промени на многу полиња. Некои ќе имаат депресивни денови, некои ќе бидат нервозни и гневни, а некои ќе мора да забават и да почекаат да заврши овој период.
Оваа сезона, следниве хороскопски знаци ги очекува потежок период. Но, и тоа не е крај на светот. Понекогаш треба да забавите и да се подготвите за патувањето што ве очекува во иднина.
1. Стрелец
Немојте да паничите. Наскоро Јупитер ќе влезе во вашиот знак, а ова се одлични вести за вас. Но дотогаш, во сезоната на Скорпијата, потребно е да забавите и да ги наполните батериите. Ќе направите уште еден круг околу сонцето и потребен ви е подолг одмор. Доколку не сакате да минувате време сами, оваа сезона е периодот кога мора да ја прифатите самотијата. Нема потреба да се плашите. Секој заслужува малку одмор.
2. Лав
Бидејќи сонцето патува во вашата четврта куќа на домот и семејството, воопшто нема да ви биде лесно да забавите. Важно е да знаете дека сè е во ред. Ова е период кога треба да најдете удобност и задоволство во вашиот дом додека сте опкружени со саканите. Сепак не значи дека сезонава ќе биде само лоша. Можеби ќе бидете нервозни, но барем ќе бидете со луѓето што ги сакате. Сега е сосема во ред да бидете малку себични и да се грижите за себе.
3. Овен
Знаевте ли дека имате многу сличности со Скорпиите? Владетелот на Скорпиите, Марс, е владетел и на вашиот знак. Сонцето минува низ вашата осма куќа на сексот и трансформацијата, па можно е да имате лошо расположение. Но немојте премногу да размислувате за тоа и не си создавајте дополнителен притисок. Ова е само циклус и сега е време да се повлечете и одморите пред да продолжите понатаму. Во блиска иднина ќе најдете нова авантура бидејќи Јупитер влегува во вашата деветта куќа на патувањата.
Дознајте за кои хороскопски знаци ноември ќе биде најдобриот месец од годината.