3-те хороскопски знаци кои ќе имаат најдобар почеток на новата 2019 година

3-те хороскопски знаци кои ќе имаат најдобар почеток на новата 2019 година

За овие хороскопски знаци, новата година ќе донесе многу позитивна енергија и интересни промени. Тие конечно ќе ги постигнат сите нешта за кои едноставно не наоѓале време во 2018 година и целосно ќе си променат својот живот!

1. Овен: Ќе бидете преполни со енергија

Вашата владејачка планета Марс влегува во вашиот знак на 31 декември, и со тоа многу брзо ќе развиете брзина. Верувајте ни, во моментов сте летаргични, нерасположени и пасивно-агресивни со причина – Марс ви плива во сонливите Риби и во тајната дванаесетта куќа на кармата. Можеби овој период ви е навистина бавен, но со почетокот на новата, целиот живот ќе ви добие сосема нова димензија.

2. Девица: Ќе откриете што ве прави уникатни

Дали сте подготвени да сјаете со позитивна и креативна енергија? Токму тоа ќе ви се случи на почетокот на новата година! Всушност, делумната соларна еклипса во Јарец на 5 јануари ќе ја размрда вашата петта куќа на забавата, романсата, креативноста и сè останато што доаѓа од срцето. На крајот, не постои ништо помоќно од тоа да бидете автентични и постојано да ја зборувате вистината, како што вие всушност правите.

3. Стрелец: Ќе се издигнете на космички височини

Вие ќе достигнете сосема ново ниво во вашиот живот. Вашата владејачка планета е конечно назад во својот знак, односно во својата космичка територија, па затоа и сте благословени од небесите. И тоа не е сè. Следува делумна соларна еклипса во Јарец, и во вашата вредна втора куќа на заработката, финансиите и сопствеништвото на 5 јануари, и токму тогаш нештата конечно ќе се свртат во ваша корист на професионално ниво.

Дознајте и кои се 4-те хороскопски знаци што ги очекуваат големи промени во 2019 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар