3-те хороскопски знаци кои ги очекува најлош крај на јануари

3-те хороскопски знаци кои ги очекува најлош крај на јануари

Иако за некои хороскопски знаци јануари ќе биде неверојатен месец, за три од нив, крајот на јануари ќе донесе голема неволја. Од почетокот на следната недела, па сè до крајот на месецот, ќе трае еден од најнезаборавните периоди во животот на овие хороскопски знаци, но не на добар начин. Дури откако Сонцето ќе влезе во знакот Водолија, нештата ќе им станат полесни и подобри. Еве како да се подготвите за турбулентниот период што ви следува.

1. Близнаци

Сонцето е во вашата осма куќа, па очекувајте завршетоци во овој период. Збогувањето со нешто што ви било многу важно никогаш не е лесно. Но, свесни сте дека ништо не трае засекогаш, па одвреме-навреме треба едноставно да продолжите напред, и да бидете горди на себе дека сте преживеале.

2. Вага

Доколку чувствувате дека имате голема рана на срцето, тоа воопшто нема да нè зачуди. Сонцето е во вашата четврта куќа на семејството и домот, па затоа и се чувствувате многу емотивно во последно време. Сега е периодот кога треба да се стопите во нечија прегратка и да ја прифатите утехата што блиските постојано ви ја нудат.

3. Водолија

Кога Сонцето ќе влезе во вашата 12-та куќа на потсвесното, за вас ќе започне навистина чудно време. Вие ќе патувате помеѓу сонувањето и реалноста, без сознание што е реално, а што не. Интуицијата ви е на високо ниво, духот ве исполнува целосно, и почнувате да сфаќате дека некои работи се едноставно такви, и дека не можете ништо да направите за да ги промените.

Дознајте и за кои 3 хороскопски знаци сезоната на Водолијата ќе биде навистина тежок период.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар