3-те хороскопски знаци кои би требало да останат сингл овој мај
Можеби веќе некое време сте сингл и очајно се обидувате да ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Но понекогаш треба да одвоите време за себе, да сфатите што всушност сакате, да си покажете љубов кон себе, а дури потоа да почнете да трагате по совршениот партнер. Доколку припаѓате на некој од следниве хороскопски знаци, овој мај би требало да останете сингл. Во вашиот живот се случуваат премногу други нешта, па љубовта може да почека.
1. Девица
Моментално ви се случуваат многу нешта во животот, па лесно може да се каже дека сега едноставно немате време за врска. Иако можеби врската ви звучи добро, сепак не е практична. Веќе се соочувате со доволно и сигурно не можете да одвоите време и енергија за романтични состаноци. Овој период, едвај имате време и за спиење.
На крајот од секоја работна недела, вие сте преморени. Сега не сте ни ментално подготвени за врска. Сигурно не сакате да повредите некој за којшто се грижите. Сигурно не сакате да ја запоставите саканата личност само затоа што сте презафатени со работа.
Овој мај немојте да мислите дека испуштате нешто бидејќи сте останале сингл. Секако ќе немате ни време да се чувствувате осамено. Постојно ќе се движите, ќе имате обврски и ќе бидете премногу зафатени за да размислувате правилно. Наскоро ќе дојде период кога ќе бидете подготвени за нова љубов, но тоа не е овој месец.
2. Скорпија
Во последно време ве привлекуваат само погрешни луѓе. Потребно е да го промените вашиот вкус ако сакате стабилна врска. Бидејќи во овој период нема да запознаете никој доволно добар за вас, најдобро е да останете сингл. Престанете да бркате некој и престанете да прифаќате помалку отколку што заслужувате.
Иако е речиси лето и постојано гледате среќни парови, тоа не значи дека треба да брзате за и вие да влезете во врска. Верувале или не, ќе бидете многу посреќни сингл отколку во врска со токсичната личност која ви се допаднала.
Овој мај направете си услуга и останете сингл. Чекајте додека не запознаете некој кој ја заслужува вашата љубов. Во меѓувреме, уживајте во целото време што го имате за себе.
3. Близнаци
Вие сте на пат кон себеоткривање. Моментално се справувате со загуба, промена и созревање. Вие сте сред огромна трансформација. Дури и ако сте очајни за љубов, најпрво треба да се фокусирате на љубовта кон себе. Не дозволувајте му на никого да ви го попречи овој процес на обновување.
Наместо да барате потенцијален партнер, овој мај поминете време со себе. Дајте си време и слобода да откриете кои сте навистина. Поставете си нови цели, откријте ја вашата страст и одлучете што сакате од овој свет и од што ќе се ослободите.
Доколку сте целосно искрени кон себе, ќе сфатите дека не знаете што сакате од врската во овој момент. Не сте сигурни која личност би била најдобра за вас. Всушност, не сте ни сигурни дали во овој момент можете вистински да се посветите некому.
Овој мај останете сингл и одредете ги вашите приоритети, вашите надежи, соништа, сили и грижи. Научете да се сакате себеси пред да ја подарите вашата љубов на некој друг.
За да откриете што друго ве очекува овој месец, прочитајте го и вашиот хороскоп за овој мај.