3-те хороскопски знаци што ќе имаат магична предновогодишна недела

3-те хороскопски знаци што ќе имаат магична предновогодишна недела

Подготвени сте за дочекот на новата година? Да, 31-ви декември е навистина за само една недела од сега? Овој период е магичен за многумина, но за следниве 3 хороскопски значи ќе биде едноставно незаборавен. Ако се пронајдете на оваа листа, знајте дека не постои сила што ќе може да ве запре во вашите цели и дека ќе освоите буквално сè што ќе посакате!

Бик: Празниците ќе ви се претворат во авантура

За време на сезоната на Јарец, Сонцето ќе биде во вашата деветта куќа на авантура и мудрост, отворајќи ви го умот и покажувајќи ви го светот. Нема нешто не можете да го постигнете, нешто што не можете да го досегнете ниту пак место каде што не можете да отидете. Можностите ќе ви бидат бескрајни и точно ќе знаете како да ги искористите.

Девица: Навистина е најчудесното време од годината за вас

Сезоната на Јарецот ќе биде вашата омилена сезона! Кога Сонцето е во Јарец, тоа исто така е и во вашата петта куќа на забава и задоволство. Ова има потенцијал да биде највозбудливиот и најзабавниот период за вас во годината бидејќи единствената работа што ја имате е едноставно да уживате. Пуштете го вашето внатрешно дете на слобода!

Јарец: Вие сте на своето среќно место неделава

Со Сонцето во вашата прва куќа на селфот, вие влегувате во период на голема самодоверба, волја и порив. Стапувате во контакт со внатрешната интуиција и не дозволувате ништо да ве спречи да бидете оние што навистина сте. Време е да погледнете колку сте напреднале оваа година и да се сфатите дека сте едноставно незапирливи во сè.

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци за коишто јануари 2019 година ќе биде многу тежок месец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар