3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

Според астролозите, симболот на знакот Риби, 2 риби кои пливаат во спротивни правци, ја претставува постојаната поделба на нивното внимание помеѓу фантазијата и реалноста. Припадниците на овој хороскопски знак се толку чувствителни, креативни и емпатични што многу лесно можат да потонат во нивните емоции. Освен тоа, ги бие глас на расеани и неразумни. Овие работи сигурно ви звучат познато доколку сте во врска или брак со припадник на знакот Риби. Доколку не сте сигурни како да излезете на крај со Рибите, овие совети можеби ќе ви помогнат…

3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

Ако сте во врска со сонувач…

Она што нему му делува како добар план (да продаде роман кој подоцна ќе биде адаптиран во филм и да се пензионира на 40 години), вам ви личи на илузија. Можеби сака да започне некој необичен бизнис и да ве вовлече во долгови. Но, од друга страна, пак, можеби е во право. Тука лежи најголемиот проблем во врската со некој кој е уметничка душа или има претприемачки дух. Кога веќе ви е доделена улогата на практичниот партнер во врската, зошто да не се однесувате така? Размислете за тоа да ги разделите вашите финансии или барем да си отворите ваш личен штеден влог, за да не банкротирате ако неговиот бизнис пропадне. Исто така, многу е важно да не заборавите да бидете заедно и секојдневно да се зближувате. Потсетето го, директно и отворено, но не гневно, дека тоа што е со вас би требало да биде дел од неговиот сон.

Ако сте во врска со господин Чувствителен…

Го сакате бидејќи тој ги руши стереотипите за класичниот маж, но малку ви е чудно кога гледате тажен филм, а само едниот од вас плаче. Емпатијата на Рибите честопати им се спротивставува на општествените дефиниции за „мажественост“, па затоа во овој случај многу е важна добрата комуникација и вашата чувствителност. Потребно е да зборувате за чувствата, стресот и љубовта и никогаш да не престанете со тоа. Мажите се чувствуваат многу непријатно кога не се вклопуваат некаде. Дајте му до знаење дека е сигурен со вас. Тоа ќе му даде време и простор да размисли за работите. Потсетете го дека тој е вашиот херој и покрај тоа што заплакал на некој филм.

3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

Ако сте во врска со еден огромен расеанко…

Тој е грижлив и прекрасен. Но, ако заборави уште една родителска средба, сигурни сте дека тоа нема да се одрази добро на училишниот успех на вашите деца. Најдете начин да простите. Направете му листа на обврски, а во првите 3 ставете ги оние што вам најмногу ви значат. Забележете ја вашата годишнина во неговиот календар и заборавете на неговите претходни грешки. Прилагодете ги вашите очекувања и бидете потолерантни. Но, дајте му јасно до знаење колку сте подготвени да компензирате за неговиот слободен дух.

Расеаните луѓе обично се венчаваат со поорганизирани поединци. Ако само вие ги собирате валканите алишта, таа задача ви припаѓа само вам. Но, ако се откажете од оваа улога, ќе имате купови алишта по дома и вашиот партнер ќе почне да презема дел од одговорностите. Останете позитивни. Фокусирајте се на неговите добри карактеристики: Неговата топлина, чудна смисла за хумор, романтични изненадувања без причина и обидете се да го прифатите фактот тој секогаш ќе заборава на своите домашни обврски.

Во продолжение прочитајте и зошто љубовната врска со Рибите е као измислена во бајките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар