3 хороскопски знаци на коишто март ќе им биде возбудлив и турбулентен
Иако очекуваме со месец март да дојде и поубаво време, расположение и нови љубовни прилики, астролозите предвидуваат компликации за три хороскопски знаци. Јупитер е главна планета во март, па ќе има големо влијание во текот на целиот месец и тоа на следниве знаци.
Бик
Ако компликациите не се појавиле во јануари и февруари, сигурно ќе се појават во текот на месец март. Ова е чувствителен период за Биковите. Можни се емотивни блокади, периоди на изолација или емотивно оддалечување, потешкотии, нарушувања предизвикани од надворешни влијанија, проблеми коишто ќе влијаат на партнерот, кризи и финансиски ограничувања. Наш совет е да ја соберете внатрешната сила, да реагирате смирено и да имате многу трпение.
Близнаци
Ова е комплициран период за овој знак. Со Сатурн и Марс кај Близнаците, во текот на март тие ќе се наоѓаат на опасно тло. Повеќе од година дена, Сатурн ги отежнува односите со другите, а сега му се придружува и Марс. Вие и вашиот партнер би требало да се поставите дипломатски, доколку би сакале да ги избегнете проблемите. Ова може да се должи на фактот што заедно, рамо до рамо, ќе поминувате низ проблемите или пак вашиот партнер ќе има проблеми (здравствени, деловни и слично) коишто ќе влијаат и врз вас. Во секој случај, атмосферата нема да биде ни малку опуштена.
Вага
Сè до 12-ти март 2016 година, Венера е во фаза на љубовта и страста на Вагите. Ова е одличен период којшто би требало да го искористите, затоа што после тој период работите нема да бидат толку сјајни. Од 12-ти март Венера влегува во неповолна ситуација, па затоа очекувајте грижи и обврски. Овде љубовта не се развива слободно и љубовните врски на Вагите автоматски се поврзуваат со работата и обврските. Марс, владетелот на врските кај овој знак, влегува во Стрелец на 6-ти март и тука останува до крајот на месецот. Во оваа позиција, Марс има проблем: тој е близу Сатурн којшто исто така има врска со одговорностите, блокадите и ограничувањата.