3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат изгубената љубов во следниот период почнувајќи од 19 ноември

3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат изгубената љубов во следниот период почнувајќи од 19 ноември

Со вертекс во Лав (вертекс претставува апстрактна точка на астролошката карта каде се пресекуваат еклиптиката и главните вертикални точки на наталната карта), три хороскопски знаци ќе ја пронајдат изгубената љубов почнувајќи од 19 ноември.

3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат изгубената љубов во следниот период почнувајќи од 19 ноември

Прочитајте во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор.

Овен

Единственото нешто што некогаш стоело помеѓу вас и личноста што ја сметате за „изгубена љубов“ е вашата гордост и вашето его. Не сакавте да попуштите досега, иако се чини дека личноста била во право за нешто, а тоа никогаш не сте сакале да си го признаете. Сега повторно се појавува можноста да разгори таа невозможна, стара љубов. Личноста никогаш не престанала да ве сака, таа само се тргнала настрана за да не ви пречи. Дојде момент да се врати во вашиот живот. Дали сте подготвени за тоа или и овој пат ќе ѝ се препуштите на гордоста?

Рак

Во следниот период ќе налетате на старо познанство од социјалните мрежи, некој со кој сте воспоставиле некаква врска, но со текот на годините таа врска избледела. Отсекогаш ве фасцинирала таа личност, но не сте можеле да издвоите време за „онлајн романса“. Можеби ќе наидете на некаков коментар на нечија објава по социјалните мрежи и ќе увидите дека се работи токму за таа личност. Се работи за посебен пријател со кој сте споделиле во минатото некои важни работи. Со самото тоа што ќе го прочитате името на личноста, ќе пробуди голема љубопитност во вас и ќе посакате повторно да стапите во контакт со неа. Постојат големи шанси личноста да ја прифати поканата за повторно зближување.

Девица

Следните денови ќе ви бидат исполнети со мислите за минатото, спомените, старите добри времиња и поранешните партнери и ќе ви падне на ум дека ако вие мислите на нив, можеби и тие мислат на вас. Во право сте, некоја од тие личности мисли на вас. Се работи за личност чиј контакт сте го изгубиле со текот на годините. Деновите нема да можете да ја извадите од памет, а ваквите мисли ќе направат да се чувствувате добро. Најинтересниот дел е дека и личноста мисли на вас. Добро би било да ѝ пристапите и одново да воспоставите контакт. Сигурни сме дека ве чека втора шанса.

Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе ја пронајдат изгубената љубов овој период, ви препорачуваме да прочитате и кои 3 хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта од 18-ти до 20-ти ноември.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар