3 хороскопски парови што веројатно ќе се расправаат за време на ретроградниот Меркур
Комуникацијата може да биде клучот за успешна врска. Но, благодарение на ретроградниот Меркур, некои парови можеби ќе треба да вложат дополнителен труд во текот на следните неколку недели. Иако комуникацијата со партнерот може да биде предизвик за сите, астролозите велат дека овие три хороскопски парови ќе се расправаат повеќе за време на ретроградниот Меркур.
1. Овен и Вага
Ретроградниот Меркур ќе предизвика голема тензија, недоразбирања и лоша комуникација во текот на следните неколку недели. Но, тоа не е сè. Марс, планетата на дејствувањето и на агресијата, ќе влезе во Овен и може да предизвика расправиите помеѓу овие хороскопски знаци да бидат уште поголеми. Бидете многу внимателни кога разговарате еден со друг за да избегнете непотребни конфликти.
2. Рак и Рак
Раковите ги очекува многу погрешна комуникација ова лето. Припадниците на овој хороскопски знак може да се потпираат на својата интуиција наместо да комуницираат со партнерот, а тоа може да предизвика расправии. Раковите стануваат дефанзивни кога се чувствуваат нападнати или погрешно разбрани, така што едниот или двата партнери може да се повлечат кога ќе се појави расправија наместо искрено да разговараат. Од суштинско значење е и за двајцата партнери да ги искажат своите емоции за време на ова ретроградно движење на Меркур.
3. Јарец и Риби
Јарецот и Рибите ќе бидат фокусирани на врската за време на ретроградниот Меркур и ќе размислуваат за тоа како навистина сакаат да изгледа нивниот однос. Но, ретроградниот Меркур може да предизвика да се случат многу емотивно нестабилни разговори. Време е да размислите дали двајцата сè уште сте на иста бранова должина кога станува збор за вашата врска.
Прочитајте кои 5 хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур од 18 јуни.