25 факти за хороскопските знаци кои секој би требало да ги знае
Што навистина знаете за зодијакот? Можеби сте слушнале нешто, но дали сте знаеле дека астрологијата се сметала за вистинска наука пред научната револуција? Сè додека не била заменета со астрономијата, луѓето гледале кон небото барајќи значење. Овие луѓе биле наречени астролози и верувале дека можат да добијат информации за човештвото од ѕвездите. Една од главните идеи на астрологијата е зодијакот. Постојат неколку зодијаци (хороскопи) – Кинески, Индиски, Западен и слично. На оваа листа ќе се посветиме на Западниот кој е и најраспространет.
1. Иако историјата и развитокот на астрологијата се комплексни, најважното нешто што треба да го знаете за хороскопот е дека се прославил од древен Вавилон преку Грците и Римјаните. Содржи 12 знаци и секој знак одговара на разните позиции на сонцето во текот на годината.
2. Првиот хороскопски знак е Овен и трае од 20-ти март до 19-ти април. Ова е знак на храброста и лидерството, како и на силната независност.
3. Луѓето родени помеѓу овие дати се автономни и не сакаат неактивност. Понекогаш се споредувани со деца кои се искрени и полни со ентузијазам.
4. Вториот знак е Бик и трае од 19-ти април до 20-ти мај. Симболот на бикот е заснован на критскиот бик од грчката легенда. Ова е белиот бик кој му бил татко на минотаурот.
5. Луѓето родени во овој знак имаат силна волја и навистина се посветени.
6. Третиот знак е Близнаци и трае од 20-ти мај до 21-ви јуни. Близнаците се засноваат на грчката легенда позната како Диоскур. Во легендата се раскажува за смртниците Кастор и Полукс кои станале богови по нивната смрт.
7. Се верува дека луѓето родени во овој знак се дволични. Односно, имаат навистина краток темперамент, но истовремено се одговорни и дисциплинирани.
8. Ракот е четвртиот знак и трае од 21-ви јуни до 22-ри јули. Неговиот симбол е направен според Каркин, огромен рак кој го нападнал Херакле за време на неговата борба со Хидрата.
9. Луѓето родени во овој период се чувствителни и го гледаат светот преку нивната интуиција наместо преку логика. Обично се многу духовно развиени и имаат големи амбиции.
10. Петтиот знак е Лавот и трае од 22-ри јули до 22-ри август. Симболот потекнува од Немејскиот лав кој имал непробојна кожа.
11. Луѓето родени во овој знак имаат висока самодоверба, но сепак се посветени и добри. И покрај тоа што можат да бидат избувливи, брзо простуваат.
12. Шестиот знак е Девица и трае од 22-ри август до 22-ри септември. Симболот на Девицата е направен според Астреја. Во грчката митологија таа е последниот бесмртник кој ја напуштил земјата на крајот на Сребрената доба кога сите богови избегале на Олимп.
13. Овие луѓе се вредни, добри, практични и големи аналитичари. Од друга страна се многу срамежливи и премногу се грижат.
14. Седмиот знак е Вага и трае од 22-ри септември до 23-ти октомври. Симболот е направен според терезијата на Темида, грчката персонификација на божествената правда.
15. Овие луѓе се владеени од баланс и хармонија. Имаат дипломатска природа и добар однос со сите.
16. Осмиот знак, Скорпија, трае од 23-ти октомври до 22-ри ноември. Симболот е направен според огромната скорпија испратена од Геја да го убие Орион.
17. Се верува дека овие луѓе се владеени од своите желби. Нивната сила е нивната снаодливост. Може да бидат навистина напорни и познати се по љубопитноста.
18. Деветтиот знак е Стрелец и трае од 22-ри ноември до 21-ви декември. Симболот е направен според Кирон, кентаурот кој му бил ментор по стрелаштво на Ахил.
19. Стрелците имаат позитивен поглед кон животот и се неверојатно весели. Но понекогаш може да бидат навистина невнимателни.
20. Десеттиот знак е Јарец. Симболот е хибрид од риба и јарец и трае од 21-ви јануари и 20-ти јануари. Симболот е направен според сумерскиот бог на мудрост и водата Енки.
21. Половината која е јарец на овие луѓе прикажува амбиција и интелигенција. Рибата во нивната личност покажува страст, духовност и интуиција.
22. Единаесеттиот знак е Водолија кој трае од 19-ти јануари до 18-ти февруари. Симболот е направен според Ганимед од грчката митологија.
23. Водолиите се луѓе кои не се грижат што другите мислат за нив. Тие ја користат секоја можност која им се укажува и се навистина креативни.
24. Дванаесеттиот знак е Риби и трае од 18-ти февруари до 20-ти март. Симболот е направен според суштество кое на некој начин било подводен кентаур.
25. Луѓето Риби се многу чувствителни и често се добри слушатели и пријатели.
Прочитајте ги и овие интересни факти за хороскопските знаци.