20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!

20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!

Близнаците се едни од најспецифичните хороскопски знаци. Нивната двојна природа ги прави способни да се адаптираат на секоја ситуација во животот, додека пак моќта да зборуваат без престан им овозможува да победат во секоја дебата и расправија. Сакате да дознаете уште карактеристики за себе? Продолжете со читање…

20 знаци дека сте апсолутни Близнаци во хороскоп!

1. Вие сте урнебесни и без да се трудите. Вие сте шегаџијата во вашата социјална група – тоа е вашата улога и никој друг не ви се меша.

2. Вашиот безграничен ентузијазам често е погрешно сфатен како „лажен“. Вие не можете да разберете зошто една личност не може да биде оптимистична без да покрене сомнеж. Тоа е тажен заклучок за општеството!

3. Не престанувате да зборувате. Откако знаете за себе луѓето се обидуваат да ве замолчат за и тие да можат да дојдат до збор, но вие едноставно ги игнорирате.

4. Не сте зависни од партнерот, ниту пак чувствувате љубомора. Всушност, токму вашата ноншалантност е тоа што го прави партнерот да биде „луд“ по вас!

5. Длабоко во себе знаете дека сте Фиби во вашата група пријатели. Често ве опишуваат како ексцентрични, и иако тоа понекогаш ве ежи, вие знаете дека е вистина.

6. Постојано флертувате. Затоа и често морате да ги одбивате момците и девојките што ве сфатиле на погрешен начин. Вие само разговаравте со нив, не се обидувавте да ги одведете во кревет!

7. Вашата кариера постојано се менува. Близнаците се кралеви и кралици на комуникацијата, па затоа и природно се снаоѓаат во областа на новинарството и маркетингот. Но, тоа не значи дека заборавате на желбата да работите во зоолошка или како водител на емисија.

8. Вие сте неверојатно разновидни. Можете да се адаптирате на секоја ситуација, благодарение на двојната природа на Близнаците. Но, оваа двојна природа исто така може да значи и дека…

9. Понекогаш можете да бидете дволични. Колку пати ви се има случено да лајкнете нечиј статус на Фејсбук и веднаш потоа да направите скриншот од истиот и да се смеете на напишаното заедно со вашите пријатели?

10. Здодевните задачи ги сметате за неподносливи. Вие дефинитивно не сте еден од оние чудаци што наоѓаат мир дури и во најмонотоните обврски!

11. Вие сте родени за на сцена. Како дете, вие сте биле главната ѕвезда на сите настани. Како возрасни, нема подобри од вас за време на караоке вечерите.

12. Сè уште се однесувате како деца. Многу често не сфаќате дека шегите со прдење не се ниту смешни, ниту пак соодветни за повеќето „нормални“ возрасни.

13. Неодлучни сте до самиот крај. Партнер, избор на кариера, вид сендвич за појадок… Зошто сè е толку збунувачко?

14. Завршувањето на започнатите нешта не е ваша силна страна. Не е ваша вина што имате толку многу генијални идеи!

15. Вашите способности за менаџирање на времето се на ниско ниво. Веќе не постојат изговори што не сте ги употребиле за доцнењето на работа, па мора да почнете да се повторувате!

16. Често сте склони на одложување. Исто така лесно може да ви се одвлече вниманието. Кликнете на овој линк на ваша одговорност.

17. Понекогаш се чувствувате како да имате поделена личност. Во еден момент сте смирени и си ја работите работата, во следниот веќе не можете да се задржите на едно место.

18. Претерано размислувате. Според лавиринтот во вашиот мозок, постојат 17 можни значења на емотиконот што намигнува во порака…

19. Сарказмот е голем дел од вашето сценарио. Дали би можеле да бидете посаркастични одошто веќе сте? Не, најверојатно не.

20. Отсекогаш сте имале цврсти ставови, а тоа може да доведе до „жешки“ дебати. На кои очигледно ќе победите со вашата комбинација од интелект и досетливост.

Прочитајте и зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар