20 животни принципи според кои се води секоја Водолија

20 животни принципи според кои се води секоја Водолија

Водолиите имаат темперамент со кој ги освојуваат допадливоста и почитта од другите. Тие се доволно сигурни во себе за да ги оставаат работите да течат по својот природен тек.

Доколку имате луѓе со овој знак во животот, знајте дека тие можат да ви понудат долготрајно пријателство, уникатен поглед на работите, вистинската верзија од себеси и храброст вие да бидете она што сте и да се гордеете со тоа.

20 животни принципи според кои се води секоја Водолија

Понекогаш е тешко да се направи муабет со Водолија бидејќи таа често испраќа ноншалантни вибрации поради што луѓето сметаат дека или ѝ е здодевно или таа не сака да го слуша тоа што другите имаат да ѝ го кажат.

Луѓето во овој знак имаат многу длабока личност. Колку и долго да ги познавате, секогаш ќе има нешто ново да научите за нив. Во продолжение, 20 принципи според кои тие се водат низ својот живот.

1. Дозволувам да ме лажат дури и кога јас ја знам вистината. Имам трпение да ги почекам луѓето да ми ја кажат вистината тогаш кога тие ќе бидат подготвени.

2. Се трудам да го задржам позитивниот дух дури и кога сум преплавен/а со емоции. Но, кога сум во стресна ситуација, потребно ми е време со себе и често не знам како тоа да им го објаснам на другите.

3. Романтичар во душа, кој повеќе е привлечен од страста на умот отколку од онаа на телото.

4. За да ми го привлече вниманието некоја личност, сѐ што треба е да биде своја.

5. Многумина не можат да ја сфатат мојата логика. Го прифаќам тоа. Умот често ми работи многу побрзо одошто устата може да постигне.

6. Никогаш не кажувам нешто што не го мислам. Секогаш го мислам тоа што го кажувам.

7. Чувствувам дека сум роден/а да живеам бурно и никој не може да го контролира тој мој порив.

8. Можам многу добро да проценувам луѓе. Имам некој инстинкт и интуиција кога се работи за читање на луѓето.

9. Ако се приврзам емотивно за некого, значи таа личност е многу посебна. Не го правам ова често.

10. Спротивно, најлесниот начин некој да ме изгуби е постојано нешто да ми наложува. Последното нешто што ми треба во животот е некој да ми кажува што треба, а што не треба да правам.

11. Не се обидувајте да ме промените бидејќи само ќе наидете на отпор. Оставете ме да бидам тоа што сум и да го правам тоа што го сакам.

12. Не можам да поднесам луѓе кои се согласуваат со сѐ што ќе кажам. Мора да постои дебата. Исто така, ме иритираат луѓе кои само зборуваат, а не знаат да слушаат.

13. Ако сакате да ви го отворам срцето, прво отворете го вашиот ум.

14. Кога љубам, љубам силно. Кога сум лут/а, тоа не е случајно. Не ги потценувајте причините зад моите емоции.

15. Љубомората е мојата слабост. Се обидувам да ја кријам.

16. Може да ви изгледа дека ве игнорирам, но понекогаш едноставно не ми се кажува ништо на никого.

17. Не мора секогаш да разберете зошто правам нешто. Знајте само дека мора да постои добра причина.

18. Не сакам драми. Преферирам разговор во смирена состојба.

19. Премногу работи се случуваат во мојата глава. Затоа понекогаш ми е тешко да кажам само една единствена мисла.

20. Штом некому го дадам моето срце, многу тешко би си го зел/а назад. Колку повеќе сум вложил/а во некој однос, толку повеќе ќе страдам ако се наруши.

Погледнете ги и 30-те брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Водолиите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар