20 животни принципи според кои се води секоја Скорпија

20 животни принципи според кои се води секоја Скорпија

Скорпиите се најбезусловните и најлојалните љубовници со кои можете да бидете благословени. Тие имаат моќ да ве разберат само гледајќи ве во очите.

Скорпиите се комплицирани личности. Често ќе ви дозволат да мислите дека ги играте, но она што не го знаете е дека тие ве играат вас.

Имаат легендарна способност за чување тајни и за нив ветувањата многу значат, па затоа не ветувајте им нешто што не можете да го исполните.

20 животни принципи според кои се води секоја Скорпија

Повеќето луѓе мислат дека Скорпиите се злобни, но штом подобро ги запознаете, ќе сфатите дека се едни од најдобрите луѓе што постојат. Тие навистина кажуваат злобни и лоши работи, но кои исто така се точни.

Понекогаш пак, знаат толку длабоко да навлезат во својата потсвест, што тотално губат чувство за реалноста, а тоа може да води до разочараност, хронична болка, па дури и депресија. Во ваква состојба, Скорпијата го претпоставува најлошото за сѐ и секој околу неа, пуштајќи отров насекаде, вклучително и во себеси.

Во продолжение, 20-те работи кои би ви ги кажала секоја Скорпија за својот живот.

1. Само затоа што не реагирам, не значи и дека не забележувам.

2. Не можете да ме контролирате, не можете да ме победите, па затоа најдобро придружете ми се.

3. Не ми треба ничие одобрение за моите одлуки и постапки. Тоа е за несигурните луѓе.

4. Кога некој ќе рече дека постои нешто подобро од секс, гласно се смеам и си помислувам дека овие луѓе никогаш немале Скорпија во животот.

5. Што и да ми дадете, враќам десетпати повеќе. Може да ви бидам најголемиот непријател или најголемиот сојузник. Изберете внимателно.

6. Клучот до моето срце: Дозволете ми да ви ја покажам мојата длабока и мрачна страна, како и дека таа не ве плаши.

7. Не се плашам од никого и од ништо. Кога ќе започнете битка со мене, подобро бидете подготвени да се борите. Јас немам ништо да изгубам.

8. Љубам силно, па затоа моите чувства бавно умираат. Но штом престанам да се грижам за некого, нема враќање назад.

9. Никогаш немам одглумено сарказам во животот. Секогаш бил вистински.

10. Јас не трчам по луѓе. Ако некој сака да биде тука, ќе биде.

11. Имам силна заштитничка природа. Ако некој покаже непочит кон личност што ми е важна во животот, во состојба сум да го раскинам на парчиња.

12. Ако некој ми покаже дека не му е гајле за мене, јас ќе му покажам дека сум многу подобар/ра во тоа.

13. Или изберете да бидете со мене или да не бидете. Јас не сум ничиј втор избор или план Б.

14. Размислувам многу повеќе одошто зборувам и имам одлична способност да направам разлика помеѓу лагата и вистината.

15. Добро ги проценувам луѓето, па ако некому не му верувам, сигурно постои добра причина за тоа.

16. Може да се извинам само заради начинот на кој нешто сум кажал/а. Никогаш заради кажаното.

17. Верувам во тоа дека треба да се борам во врската, но не верувам дека тоа треба да го правам сам/а.

18. Не само што ги слушам вашите зборови, јас го гледам и вашето лице, ги набљудувам вашите очи и го забележувам тонот со кој зборувате. Го перципирам вашиот говор на телото, ги прекинувам вашите тишини, го слушам и она што не го кажувате, и најважно од сѐ, ја слушам мојата интуиција.

19. Најтешко ми е да им верувам на луѓето, бидејќи кога и да дадам втора шанса, останувам повреден/а.

20. Немам кусо трпение. Имам само брза реакција на глупости и други сра*а

Прочитајте ги и 30-те брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Скорпиите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар