20 животни принципи според кои се води секој Стрелец

20 животни принципи според кои се води секој Стрелец

Стрелците навистина знаат како да ги преминат границите и да го тестираат трпението на луѓето околу нив. Тие знаат дека вистината боли, но сепак немаат проблем да ја кажат.
Имаат енергична личност, но се многу приватни луѓе. Тие се одлични во градењето ѕидови околу своето срце со цел да не дозволат некој да ги повреди.

20 животни принципи според кои се води секој Стрелец

Наместо да се лутат, тие преферираат да ги поминуваат тешкотиите низ смеа. Кога чувствуваат вознемиреност, тие тоа не го покажуваат. Но затоа кога ќе им прекипи, од нив ќе се излее сѐ што дотогаш се собирало.

Стрелците се социјални битија, но не сакаат да бидат дел од големи кругови. Најудобно им е во друштво на мала група пријатели на кои можат да им веруваат.

Продолжете со читање за да ги откриете животните принципи според кои се водат Стрелците.

1. Јас немам ништо за криење. Подобро да немате ни вие.

2. Можам да го дадам срцето за секунда, но изневерете ме и ќе си заминам исто толку бргу.

3. Не ми треба самосожалување. Знам како да ја кренам главата и да продолжам напред, колку и да ми е тешко.

4. Ако некој не сака да ми биде пријател – не мора. И онака во животот ми требаат само два-тројца пријатели и семејството.

5. Понекогаш зборувам толку брзо што не можам да испроцесирам што сум кажал/а.

6. Сакам да заминувам кога ќе ми дојде таква потреба, без да морам да одговарам на прашања и да давам објаснувања. Понекогаш ми е потребно да исчезнам некаде за да си ги наполнам батериите и потоа да се вратам полн/а со енергија и оптимизам.

7. Потребен ми е љубовник кој нема да се обидува да ги промени моите начини и ставови. Сакам забавен, отворен и оптимистичен партнер.

8. Секогаш ќе подадам рака на оној на кој му е потребна помош. Но, ако ја гризне, никогаш повеќе нема да ја види.

9. Со мене е лесно да се разговара. Тешко е да ме разберете.

10. Не сакам да пропуштам добри прилики. Сакам неочекувани бакнежи во неочекувани мигови.

11. Сѐ додека луѓето ме ценат како личност, ги почитуваат моите одлуки и не ми се мешаат во животот поставувајќи се како тие да се главни, јас ќе бидам среќен/на.

12. Не ме прашувајте за мислење ако не сте подготвени да го чуете. Едно нешто што никогаш не престанувам да го правам е кажувањето на она што го мислам.

13. Што ме прави среќен/на? Патувањата и чувството на слобода. Не сакам да се чувствувам загушено.

14. Губам трпение кога сум опкружен/а со луѓе или се наоѓам во ситуации за кои немам никаков интерес. Особено имам проблем да разговарам со луѓе кои мислат дека знаат сѐ.

15. Не очекувам премногу од луѓето бидејќи знам дека секогаш ќе прават помалку одошто би очекувал/а.

16. Со мене го добивате она што го гледате. Нема ништо лажно или невистинско.

17. Најлошото нешто што некој може да ми го направи е да се сомнева во мојата искреност и лојалност.

18. Немам проблем со крајни рокови. Секогаш ги завршувам задачите навреме, без разлика на тоа што 90% од работата ја сработувам ноќта пред рокот.

19. Јас сум личност со која слободно можете да се однесувате како будала и да заминете на патување со неодредена ситуација за да избегате од секојдневниот живот.

20. Најголем страв: да бидам заглавен/а во една иста здодевна рутина до крајот на животот.

Прочитајте ги и 30-те брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Стрелците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар