20 животни принципи според кои се води секој Рак
Ракот трага по целосна слобода и самостојност и одбива да живее слушајќи ги другите што или како да прави. Никогаш не е сигурен што ќе донесе иднината, па затоа постојано бара емотивна потврда од другите изразена преку топли зборови и цврсти прегратки.
Како личности, Раковите имаат две страни. Едната е дружељубива и забавна, другата е повлечена и антисоцијална. Во себе постојано водат битка околу тоа како да се однесуваат и што да кажат. По природа се добри личности, но не сакаат тоа да се зема здраво за готово.
Никогаш не би се откажале од некого затоа што другите ќе им кажат дека треба. Кога сакаат некого, тие ќе се борат со таа личност против целиот свет. Еве ги 20-те најважни принципи според кои се водат во животот.
1. Имам посебна дарба да чувствувам премногу кога не треба и да не чувствувам ништо кога треба.
2. Идеалната ноќ за мене подразбира гледање филмови стуткан/а на каучот.
3. Имам силна интуиција, па и нешто повеќе од тоа. Можам да пробијам низ надворешниот ѕид кој повеќето луѓе го градат пред себе.
4. Јас сум ноќна птица. Ги обожавам спокојот и мистеријата на ноќта.
5. Тешко заборавам луѓе со кои имам изградено многу спомени во минатото.
6. Нешта кои најмногу ме плашат: повторно преживување на болни случки од минатото, целосно напуштање на мојата комфорна зона, сведочење на страдањето на луѓето кои ги сакам.
7. Поставувам цели кои се во согласност со моите чувства. Ако нешто не е за мене, не се ни трудам да го завршам. Но, кога се посветувам на нешта што се инспирирани од моите чувства, напорно работам да ги реализирам до крај.
8. Јас сум добра душа со огромно срце, но ако некој претера, знам да се претворам во некој на кого не сакате да му бидете во близина.
9. Сакам да бидам силен/на за сите, но мене лично ми е потребна само една посебна личност да биде цврста за мене.
10. Цел живот водам битка помеѓу цврстината на мојата личност и ранливоста на мојата душа.
11. Често плачам, но ретко ќе го видите тоа.
12. Мразам да ме критикуваат или исмеваат. Мразам игнорирање и вовлекување во работи кои не ме интересираат. Мразам кога не сум наспан/а и кога ме лажат.
13. Навика ми е да им давам повеќе шанси на луѓето одошто заслужуваат.
14. Не би си заминал/а од некоја личност без причина. Треба многу да ми се собере за да се одлучам на тој чекор, а вие може и да не го забележите тоа.
15. Имам потреба и од стабилност и од разновидност. Не знам како поинаку да го објаснам ова.
16. Можам да намирисам лага од километри. И 20 години да поминат, уште ќе се сеќавам што некој ми направил или кажал.
17. Кога не се чувствувам добро, сакам да се затворам во себе и да не комуницирам со никого. Не очекувајте да реагирам на сите тие пропуштени повици.
18. Моите блиски пријатели ги третирам како дел од семејството.
19. Никогаш не мешајте го моето молчење со незнаење, мојата смиреност со прифаќање и мојата добрина со слабост.
20. Честата промена на моето расположение е резултат на сето она што се трупа во мене. Многупати не знам како поинаку да ја изразам таа негативна енергија.
Погледнете ги и овие 30 буртални вистини за карактерот на Раковите.