16 нешта што можете да ги очекувате во сезоната на Девицата
Започна сезоната на Девицата, а со тоа доаѓаат и многу промени. Оваа година не само што имаме 3 целосни соларни еклипси, туку и многу планети се во ретроградно движење. Сезоната на Девицата се разликува од другите бидејќи овој земјен знак е навистина прогресивен и аналитички настроен. Оваа сезона е за фокусирањето на себеси однатре и на она што е пред вас. Ќе треба да дознаете кои се вашите потреби, што сакате да бидете, што сакате да постигнете и каде сакате да одите. Погледнете кои се 16-те нешта што можете да ги очекувате оваа сезона.
1. Поради постојаното размислување и преоптоварувањето на мозокот, може да очекувате нервен слом.
2. Ќе имате силна желба да откриете кои се вашите следни чекори во кариерата и што навистина сакате да правите.
3. Одново ќе ја откриете мотивацијата да се грижите за себе.
4. Ќе се чувствувате навистина изгубено во првата половина од септември, но потоа ќе си го најдете патот.
5. Ќе се прашувате за сите ваши лични врски.
6. Очекувајте напредок во комуникацијата и личниот развој.
7. Ќе добиете нови идеи и соништа кои не сте ни знаеле дека ги имате.
8. Ќе бидете особено чувствителни.
9. Сè ќе сфаќате премногу лично.
10. Ќе бидете изморени и ќе ви биде тешко да си одредите време за спиење.
11. Ќе фатите нова насока во вашиот живот.
12. Ќе се ослободите од нештата што не ви требаат.
13. Ќе бидете помудри од вашите емоции.
14. Ќе ги откриете одговорите на прашањата што си ги поставувате со децении.
15. Ќе ги гледате нештата онакви какви што се, а не онакви какви што сакате да бидат.
16. Ќе се спријателите со себе повеќе од вообичаено.
Погледнете ги и бруталните вистини што треба да ги знаете за Девиците.