12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав
Ах, тие Лавови! Супериорни во секоја смисла на зборот, заљубени во себе и секогаш полни со планови и амбиции. Не е чудо што многу луѓе не ги разбираат. Но, денес ќе ви помогнеме да успеете во тоа. Ова се 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во хороскопскиот знак Лав.
1. Може да се смирите само тогаш кога никој не ви вели да се смирите, бидејќи во спротивно станувате вистинско диво животно кое со своето рикање може да ги исплаши и најхрабрите.
2. Кога некој ќе ви упати вистински и најдобриот можен комплимент, може слободно да очекува награда, но и вашата доживотна симпатија.
3. Кога ќе отидете во некое кафуле и ќе забележите дека вашето друштво не е таму, веднаш заминувате, не поради тоа што немате со кого да седите, туку поради тоа што навистина не можете да разговарате со толку многу познати луѓе кои се наоѓаат таму.
4. Луѓето со кои се гледате често немаат поим колку време ви е потребно да се смирите после некоја караница, бидејќи тие не сакаат да ги ризикуваат своите животи.
5. Вие сте секогаш оние кои ја донесуваат главната одлука каде ќе излезете. Што да правите кога вашето друштво е толку неодлучно?
6. Во состојба сте да направите сè за вашата друга половина, па дури и ако излегувањето на состанок подразбира закуп на цел ресторан во кој ќе уживате со своето омилено јадење и музиката на вашиот омилен бенд.
7. Ако се прашувате вие, би требало да живеете во величествен дворец и да носите само дизајнирана облека. Иако, со оглед на вашиот став, вие не треба да бидете изненадени што луѓето имаат токму такво мислење за вас, бидејќи Лавовите се едноставно мегаломани.
8. Сите ваши пријатели ги гледате како членови на вашето семејство, бидејќи вие не склопувате пријателство доколку не сте сигурни дека ќе траe вечно.
9. Оној момент кога ќе стапите во нова врска, околу вас се создаваат 845 луѓе кои се потполно разочарани што не сте повеќе сингл. Па не залудно Лавот е крал на сите животни.
10. Мегаломани сте и во она што го работите, бидејќи мора да бидете најдобри, па колку и мало и безначајно да биде тоа.
11. Неверојатно сте друштвени, харизматични и едноставно плените секаде каде што ќе се појавите, а во ракавот секогаш имате смешни анегдоти со кои ги одушевувате вашите пријатели.
12. Немате проблем да кажете кој ви е омилен во друштвото и никој не се лути поради тоа. Како ќе се лути, кога најверојатно вие сте неговата најомилена личност.