12 астро парови кои имаат најкомплицирани љубовни врски
Стрелец и Вага
Стрелците се дружељубиви и комуникативни, а на Вагите им се допаѓа тоа. И двајцата се обидуваат да ги одбегнат конфликтите и да го задржат пријателскиот однос. Сепак, Стрелците се многу независни што нема да им одговара на Вагите кои мразат да бидат сами. Освен тоа, Стрелците се многу директни и ги немаат дипломатските вештини на Вагата. Вагите се премногу неодлучни, а Стрелците премногу невнимателни за да може да потрае нивната врска.
Јарец и Рак
Јарецот и Ракот имаат многу заеднички работи. И двајцата многу ги ценат пријателите и семејството, им треба удобно место што ќе можат да го наречат дом. И двајцата се многу лојални и доверливи. Јарците не се толку чувствителни колку Раковите, но подготвени се да им бидат рамо за плачење во тешките периоди. На Јарците тоа нема да им пречи сѐ додека не се бара од нив да бидат исто толку отворени колку Раковите. Родените во знакот Јарец се порезервирани, додека Раковите без проблем покажуваат како се чувствуваат. Доколку успеат да постигнат компромис, врската помеѓу овие два знака можеби би можела да опстане.
Водолија и Стрелец
Овие хороскопски знаци обожаваат да патуваат и да запознаваат нови луѓе. И двајцата си ја ценат својата независност и слобода. Меѓутоа, егоцентричноста на Стрелецот може да претставува проблем, особено поради несебичноста на Водолијата и нејзината потреба да им помага на луѓето. Врската помеѓу овие два знака има добар почеток, но порано или подоцна и двајцата тргнуваат во различна насока за на крајот да завршат на сосема различни места.
Риби и Јарец
Рибите обожаваат да сонуваат со отворени очи и да размислуваат, додека, пак, Јарците се попрактични. Рибите понекогаш знаат да бидат мистериозни што воопшто не им одговара на Јарците. Рибите веруваат на слепо, а на Јарците им требаат докази за да поверуваат во нешто. Освен тоа, родените во знакот Риби имаат многу необичен поглед кон светот и животот што може дополнително да ја искомплицира врската меѓу овие два хороскопски знака.
Во продолжение дознајте кои се 12-те совршени парови во целиот Зодијак.