10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити

10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити

Лавовите се честопати многу погрешно разбрани. Тие секогаш зрачат со самодоверба, енергија и цврст став, но и покрај нивната силна надворашност, Лавовите имаат и ранлива страна која ја откриваат само пред вистинските луѓе. Длабоко во себе тие се слатки мачиња кои бараат љубов и грижа како и сите останати луѓе на светот.

10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити

Типичниот хороскоп за Лавовите е полн со стереотипи кои воопшто не се вистинити. Ако мислите дека добро ги познавате Лавовите, размислете уште еднаш. Ова се погрешните стереотипи што владеат за овој огнен хороскопски знак…

1. Обожаваат да бидат во центар на внимание

Познато е дека Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието, но во поголемиот број од случаите тоа не е вистина. Точно е тоа дека тие сакаат да го привлекуваат туѓото внимание, но не им се допаѓа кога буквално сечии очи се вперени во нив. Тие сакаат да добиваат внимание од луѓето кои им значат и со кои се обидуваат да остварат поврзаност, а не од луѓето кои воопшто не ги познаваат.

2. Се чувствуваат како кралеви и кралици

Лавовите можеби навистина имаат високо мислење за себе, но тие нема да очекуваат од вас да се однесувате со нив како да се кралеви или кралици. Тие не бараат кралски третман, туку почит. Немојте погрешно да ја разберете оваа желба да се добие почит. Лавовите само го бараат за возврат она што им го пружаат на другите.

3. Обожаваат да драматизираат

Драматичноста и страста се две различни работи. Лавовите се многу страсни луѓе и тие зборуваат за работите што ги интересираат со многу жар и ентузијазам. Нивните емоции се многу интензивни, па затоа понекогаш нивните реакции делуваат драматично. Понекогаш знаат да навредат некого, но не го прават тоа намерно. Толку многу работи се случуваат во нив што порано или подоцна мораат да го исфрлат насобраниот емотивен набој.

10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити

4. Сакаат да контролираат

Лавовите без проблем ќе ја препуштат контролата во ваши раце ако видат дека знаете што правите. Тие обожаваат да решаваат проблеми, па затоа честопати преземаат контрола врз ситуацијата ако никој не покаже иницијатива. Но, тие секогаш сакаат да ги слушнат и туѓите идеи и подготвени се да ви дозволат вие да ја контролирате ситуацијата, доколку навистина можете и сакате.

5. Многу се ладни

Понекогаш Лавовите навистина делуваат ладно и бесчувствително, но не дозволувајте нивната надворешност да ве прелаже. Тие можеби не ги покажуваат нивните емоции премногу често, но навистина се грижат за чувствата на пријателите, семејството, па дури и на непознати луѓе. Можеби Лавовите нема да сочувствуваат со вас кога ќе настинете, но дефинитивно можете да сметате на нив ако имате сериозен проблем и ви треба нивната помош.

6. Многу се пребирливи

Лавовите не се пребирливи со цел да бидат проблематични. Тие едноставно знаат што сакаат и нема да прифатат ништо помалку од тоа. Само затоа што сакаат свежно мелено кафе, а не кафе во прав, не значи дека пребираат за сѐ друго во животот.

7. Себични се

Лавовите се многу амбициозни и секогаш се стремат кон остварувањето на нивните цели. Можеби отстрана делува како да прават работи што се само во нивна корист, но вистината е дека тие се обидуваат да го извлечат најдоброто од себе и да го живеат својот сон. Кога станува збор за делење работи, правење услуги и помагање на непознати, Лавовите се многу дарежливи.

10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити

8. Многу се комуникативни

Лавовите ги привлекуваат луѓето, но тоа не значи дека се секогаш расположени за разговор. И тие знаат да бидат многу срамежливи, интровертни и затворени, што понекогаш ги спречува да се зближат со другите. Ќе ви треба подолго време за навистина да ги запознаете Лавовите, но откако ќе се случи тоа, постои голема веројатност дека ќе се вљубите во нив.

9. Многу се арогантни

Лавовите зрачат со самодоверба и тоа за многу луѓе делува застрашувачки. Но, тоа не им влијае бидејќи тие се чувствуваат удобно во своја кожа, знаат што сакаат, имаат цврсти ставови и уживаат во сопственото друштво. Лавовите никогаш нема да почнат да прават нешто што мислат дека залудно ќе им го потроши времето и енергијата. Тие секогаш се подготвени да го бранат своето мислење, а тоа другите го толкуваат ако ароганција.

10. Сакаат луксуз

Лавовите навистина повеќе се грижат за квалитетот отколку за квантитетот, но тоа не важи за секоја област од нивниот живот. Не им требаат луксузни автомобили, скапи чевли и скапоцен накит. Но, нивниот вус е навистина многу истенчен кога станува збор за работи што би можеле да им го збогатат животот на духовно и интелектуално ниво. Припадниците на овој знак сакаат да патуваат и да го видат светот, сакаат да уживаат во добро вино и да ја доживеат уметноста и музиката. Лавовите обрнуваат внимание на искуствата, а не на материјалните нешта.

Во продолжение дознајте како да заведете и задржите Лав.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар