Зошто никогаш не треба да престанете да бидете дете?
„Не престануваме да си играме затоа што старееме, старееме затоа што престануваме да си играме.“ – Џорџ Бернард Шо
Ова анимирано видео е дипломска работа на студентите Босмат Агејоф и Алон Зив. Тие студирале на Академијата за уметност и дизајн „Bezalel“ во Ерусалим.
Приказната во видеото е за Барни, возрасен човек, кој си игра со својот детски одраз во урбаниот пејзаж, опколен со возрасни луѓе кои одамна длабоко го потиснале и заборавиле детето во себе. Забавата завршува кога светот околу него ќе го промени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.