Значењето на боите во процесот на дизајнирање на логоа

Значењето на боите во процесот на дизајнирање на логоа

Автор: Ана Петровиќ

Кога дизајнирате лого за вашата компанија, од голема важност е во вистинско време да се запрашате каков вид емоции сакате да постигнете со вашиот бренд.

znachenjeto-na-boite-vo-procesot-na-dizajniranje-na-logoa-kafepauza.mk

За таа цел, фирмата за дизајн на логоа, „Logo Company“ создаде инфографик кој јасно илустрира како одредени емоции се предизвикани од одредени бои, употребувајќи примери на познати брендови.

Психолозите, проучувајќи како боите влијаат врз луѓето низ годините, дошле до заклучок дека постои цврста корелација помеѓу боите и чувствата, што дополнително ја потврдува важноста од одбирање на вистинските бои при дизајнирање на логоа.

На пример, рестораните како „Мекдоналдс“, „Pizza Hut“ и „KFC“ ја употребуваат црвената боја во нивните логоа, бидејќи токму црвената боја стимулира глад. Белата, црната, сивата и златната често се користат во логоа на луксузни брендови како „Шанел“, „Прада“, „Мајкл Корс“ и други, поттикнувајќи чувство на софистицираност и формалност.

Кога станува збор за дизајнирање на лого за вашиот бизнис, пробајте да се водите во оваа насока: Кои четири емоции сакате да ги постигнете кога некој ќе помисли на вашиот бренд? Запишете го ова прашање и според одговорите, пронајдете го значењето на вашата компанија и пораката која сакате да ја пренесете. Запомнете, ова е еден од многуте аспекти кои се од голема важност при процесот на дизајнирање на лого.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар