Животински портрети кои покажуваат силни „човечки“ емоции
Многу од нас гледаат на животните како на човечки суштества и нормално е дека некои од фотографите го имаат истиот поглед кон нив. Винсент Лагранж е фотограф од Антверпен, Белгија, кој сака да ни ја покаже човечката страна на животните преку портрети.
Неговата фотосесија се вика „Човечки животни“, а инспирацијата ја добил од неговата мачка.
„Се обидов да ги фотографирам животните како луѓе, претставувајќи ги нивните емоции и човечки карактеристики на мрачен начин“, изјавил Лагранж.
Нивното сериозно расположение нè тера да се обидеме да ги прочитаме емоциите од нивните лица.
Разбирливо, најтешката работа за време на оваа фотосесија му била да ги застане животните во мирувачка позиција за да може да ги фотографира.