Жив накит кој расте додека го носите
Американската цвеќарка Сузан МекЛери изработува накит на кој се прицврстени живи растенија и цвеќиња и кој одговара за секоја пригода, а најмногу за венчавките. Таа рачно ги избира и мести растенијата кои растат од 2 до 4 недели. Подоцна, можете да ги тргнете и да ги засадите во саксија. Така, не само што и понатаму ќе го носите накитот, туку и ќе го зачувате зеленилото во следните неколку години. Затоа Сузан вели дека овој накит е прекрасен и симболичен подарок за невестите.
Таа станала цвеќарка сосем случајно. Изработувала накит како хоби кога еден ден нејзината пријателка ја замолила да ѝ ги направи свадбените цвеќиња. Тоа било моментот кога Сузан ја пронашла нејзината вистинска страст. Потоа, започнала да ги изработува овие живи парчиња накит за разни фотосесии и критички била добро прифатена, па решила да започне и професионално да се занимава со ова и да ги продава. Погледнете го прекрасниот накит на Сузан кој сигурно ќе посакате да го носите на вашиот најважен ден.